Дневен ред за 22-та седница на Советот на Општина Велес

Република Македонија
Совет на Општина Велес
Број 07-1722/1
13.04.2010 година
Велес

Врз основа на член 39, став 2 од Законот за локалната сaмоуправа („Службен весник на РМ" бр.5/02) и член 18, став 3 од Статутот на Општина Велес („Службен гласник на Општина Велес" бр.12/06), донесувам

РЕШЕНИЕ
за свикување на 22-та седница на Советот на Општина Велес

Седницата ќе се одржи на ден 20.04.2010 година (вторник) во просториите на Општина Велес со почеток во 13,00 часот.

- Усвојување на записник од одржаната 19-та седница на Советот на Општина Велес
- Усвојување на записник од одржаната 20-та седница на Советот на Општина Велес

За седницата го предлагам следниот

ДНЕВЕН РЕД

1.Предлог – oдлука за проширување на средствата во Буџетот на Општина Велес за 2010 година
2.Предлог – одлука за изменување на Одлуката за висината на комуналните такси
3.Предлог – одлука за донесување Детален урбанистички план за локалитет дел од УЕ 7 дел од УБ 40 ( 2009-2014) Велес - Општина Велес
4.Предлог – одлука за утврдување Нацрт детален урбанистички план – дел од локалитет Тунел 2 – дел од УЕ 12 – дел од блок УБ 59 – измена и дополнување –Општина Велес
5.Предлог - одлука за утврдување на потребата од изработка на локални урбанистички плански документации на територијата на Општина Велес (ЛУПД 28)
6.Предлог - одлука за утврдување на потребата од изработка на локални урбанистички плански документации на територијата на Општина Велес (ЛУПД 29)
7.Предлог – одлука за збратимување на Општина Велес со Општина Сомбор,Војводина – Република Србија
8.Предлог - одлука за утврдување начинот на изборот и учеството без надоместок во комисии, одбори и други работни тела формирани од Советот на Општина Велес
9.Предлог – одлука за давање право за оттуѓување ствари (ССОУ „Коле Неделковски“)
10.Предлог – одлука за давање право за оттуѓување ствари (ОЈУДГ „ Димче Мирчев)
11.Извештај за реализираните активности од областа на спортот по делегирани надлежности
12.Предлог – решение за разрешување членови во Управниот одбор на Фондацијата „Коле Неделковски“ Велес
13.Предлог – решение за именување членови во Управниот одбор на Фондацијата „Коле Неделковски“ Велес
14.Предлог – решение за разрешување членови во Надзорниот одбор на Фондацијата „Коле Неделковски“ Велес
15.Предлог – решение за именување членови во Надзорниот одбор на Фондацијата „Коле Неделковски“ Велес
16.Предлог – решение за разрешување член во Организациониот одбор на Културната манифестација „Рацинови средби“
17.Предлог – решение за именување член во Организациониот одбор на Културната манифестација „Рацинови средби“
18.Предлог решение за разрешување на членoви во Управниот одбор на ЈПССО „Парк- спорт“ Велес
19.Предлог решение за именување на членови во Управниот одбор на ЈПССО „Парк- спорт“ Велес
20.Предлог решение за разрешување на член во Управниот одбор на Локалната установа Народен Музеј Велес
21.Предлог решение за именување на член во Управниот одбор на Локалната установа Народен Музеј Велес
22.Предлог решение за разрешување на членови во Управниот одбор на Општинскиот ученички дом „Лазар Лазаревски“
23.Предлог решение за именување на членови во Управниот одбор на Општинскиот ученички дом „Лазар Лазаревски

Со почит,
ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Советот на Општина Велес
Славчо Чадиев