Дневен ред на 19-та седница на Советот на Општина Велес

Република Македонија
Совет на Општина Велес
Број 0701-600/120.02.2006 година
Велес

Врз основа на член 39, став 2 од Законот за локалната сaмоуправа („Службен весник на РМ" бр.5/02) и член 27, став 2 од Статутот на Општина Велес („Службен гласник на Општина Велес" бр.1/03, 5/05,9/05), донесувам

РЕШЕНИЕ
за свикување на 19-та седница на Советот на Општина Велес

Седницата ќе се одржи на ден 27.02.2006 година (понеделник) во просториите на Општина Велес со почеток во 10,оо часот.
За седницата го предлагам следниот

ДНЕВЕН РЕД
за 19-та седница на Советот на Општина Велес


1.Предлог-буџетски календар.
2.Предлог-одлука за востановување на Актерска награда за животнo дело „Петре Прличко“.
3.Предлог-одлука за измена и дополнување на Одлуката за трајна поставка на портрети на знаменити велешани.
4.Предлог-програма за измена и дополнување на Програмата за уредување на градежно земјиште на просторот на Општина Велес за 2006 година.
5.Предлог-програма за работата на Комисијата за еднакви можности помеѓу жените и мажите за 2006 година.
6.Извештај за реализација на Програмата за активностите на Општина Велес во областа на културата во 2005 година.
7.Извештај за реализација на Програмата за активностите на Општина Велес во областа на спортот во 2005 година.
8.Извештај за реализација на Програмата за уредување на градежно земјиште на просторот на Општина Велес за 2005 година.
9.Извештај за реализација на Програмата за изработка на урбанистички планови и урбанистичка документација за населени места во Општина Велес за 2005 година.
10.Извештај за работата на Установата „Рацинови средби “ Велес во 2005 година.
11.Извештај за работата на Установата Фестивал на античка драма “Стоби“ за 2005 година.
12.Извештај за работата на Установата Интернационален фолклорен фестивал “Велес“ за 2005 година.

Со почит,
ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Советот на Општина Велес
Марјанчо Николов с.р.