Република Македонија
Совет на Општина Велес
Број 07- 1076/1
23.02.2011 година
Велес
Врз основа на член 39, став 2 од Законот за локалната сaмоуправа („Службен весник на РМ" бр.5/02) и член 18, став 3 од Статутот на Општина Велес („Службен гласник на Општина Велес" бр.12/06, 13/09 и 18/10), донесувам
РЕШЕНИЕ
за свикување на 37-та седница на Советот на Општина Велес
Седницата ќе се одржи на ден 04.03.2011 година (петок) во просториите на Општина Велес со почеток во 10:00 часот.
-Усвојување на записник од одржаната 36-та седница на Советот на Општина Велес.
За седницата го предлагам следниот
ДНЕВЕН РЕД
1.Предлог - одлука за донесување на Детален урбанистички план за дел од Велес, локалитет 9 –ти Ноември - дел од УЕ 6, дел од УБ 36, (помеѓу ул. “Благој Ѓорев”, ул. “Тодор Јанев”, пешачка улица и ул. “8ма Велешка Бригада”) Општина Велес.
2.Предлог - одлука за изменување и дополнување на Одлуката за одржување на јавната чистота на територијата на Општина Велес.
3.Предлог - одлука за изменување и дополнување на Одлуката за определување локација за депонија на земја, шут и друг отпаден градежен материјал во Општина Велес.
4.Предлог - одлука за престанување на важење на Одлуката за отстапување на времено користење на недвижен имот деловна зграда без надоместок на ЈДРП Радио Велес.
5.Предлог - правилник за начинот и постапката за делегирање на дел од надлежностите на Општина Велес од областа на културата на здруженија на граѓани.
6.Извештај за работа на Полициската станица Велес за 2010 година.
7.Годишен извештај за извршената дератизација на град Велес во периодот од 01.01.2010 - 31.12.2010 година.
8.Предлог - решение за разрешување претставник на Општина Велес за член на Училишниот одбор на Средното стручно општинско училиште „Коле Неделковски“ Велес.
9.Предлог - решение за именување претставник на Општина Велес за член на Училишниот одбор на Средното стручно општинско училиште „Коле Неделковски“ Велес.
10.Информација за безбедносната состојба во основните и средните училишта на територијата на Општина Велес.
11.Советнички прашања
Со почит,
ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Советот на Општина Велес
Славчо Чадиев, с.р.