Република Македонија
Совет на Општина Велес
Број 07- 521/1
03.02.2011 година
Велес
Врз основа на член 39, став 2 од Законот за локалната сaмоуправа („Службен весник на РМ" бр.5/02) и член 18, став 3 од Статутот на Општина Велес („Службен гласник на Општина Велес" бр.12/06, 13/09 и 18/10), донесувам
РЕШЕНИЕ
за свикување на 36-та седница на Советот на Општина Велес
Седницата ќе се одржи на ден 11.02.2011 година (петок) во просториите на Општина Велес со почеток во 12:00 часот.
-Усвојување на записник од одржаната 34-та седница на Советот на Општина Велес.
-Усвојување на записник од одржаната 35-та седница на Советот на Општина Велес.
За седницата го предлагам следниот
ДНЕВЕН РЕД
1.Квартален извештај за извештајниот период (кумулативно) за квартал од 01.01.2010 год. до 31.12.2010 година.
2.Предлог-одлука за изменување и дополнување на Одлуката за извршување на Буџетот на Општина Велес за 2011 година.
3.Предлог –одлука за утврдување на Нацрт Деталниот урбанистички план за дел од УЕ 2-дел од УБ 19,20,21 Локалитет Речани (плански опфат помеѓу железничката пруга и новопроектирана ул 7.3,2,6.1,6,7.2) Општина Велес.
4.Предлог-одлука за долгорочно задолжување на Општина Велес за водоснабдување.
5.Предлог-одлука за долгорочно задолжување на Општина Велес за улично осветлување.
6.Предлог-Одлука за делегирање на дел од надлежностите на Општина Велес од областа на културата на здруженија на граѓани.
7.Предлог-правилник за начинот и постапката за делегирање на дел од надлежностите на Општина Велес од областа на културата на здруженија на граѓани.
8.Годишен извештај за извршената дератизација на град Велес во периодот од 01.01.2010 -31.12.2010 година.
9.Предлог-решение за престанување на важење на Решение за определување на членови на Советот на Општина Велес во постапката за склучување на бракови.
10.Предлог-решение за разрешување претседател и членови на Организациониот одбор на Културната манифестација Интернационален фестивал на Античка драма „Стоби“.
11.Предлог–решение за разрешување претседател и членови на Организациониот одбор на Културната манифестација „Рацинови средби“.
12.Предлог –решение за именување претседател и членови на Организациониот одбор на Културната манифестација „Рацинови средби“.
13.Предлог–решение за разрешување претседател и членови на Организациониот одбор на Културната манифестација Интернационален фолклорен фестивал „Велес“.
14.Предлог –решение за именување претседател и членови на Организациониот одбор на Културната манифестација Интернационален фолклорен фестивал „Велес“.
15.Предлог-решение за разрешување претставници на Општина Велес за членови на Училишниот одбор на Општинското основно училиште „Васил Главинов“ Велес.
16.Предлог-решение за именување претставници на Општина Велес за членови на Училишниот одбор на Општинското основно училиште „Васил Главинов“ Велес.
17.Предлог-решение за разрешување претставници на Општина Велес за членови на Училишниот одбор на Општинското основно училиште „Јордан Хаџи Константинов- Џинот“ Велес.
18.Предлог-решение за именување претставници на Општина Велес за членови на Училишниот одбор на Општинското основно училиште „Јордан Хаџи Константинов -Џинот“ Велес.
19.Предлог-решение за разрешување претставници на Општина Велес за членови на Училишниот одбор на Општинското основно училиште „Св.Кирил и Методиј“ Велес.
20.Предлог-решение за именување претставници на Општина Велес за членови на Училишниот одбор на Општинското основно училиште „Св.Кирил и Методиј“ Велес.
21.Предлог-решение за разрешување претставници на Општина Велес за членови на Училишниот одбор на Општинското средно стручно училиште „Јовче Тесличков“ Велес.
22.Предлог-решение за именување претставници на Општина Велес за членови на Училишниот одбор на Општинското средно стручно училиште „Јовче Тесличков“ Велес.
23.Предлог-решение за разрешување член на Управниот одбор на ЈКП „Дервен“ Велес.
24.Предлог-решение за именување член на Управниот одбор на ЈКП „Дервен“ Велес.
25.Информација за асфалтирани,реконструирани,бетонирани улици и потпорни ѕидови во Општина Велес во 2009/2010 година.
26.Информација за конкретен бенефит од соработката со збратимените градови и градовите пријатели на Велес.
27.Информација за вработувањата во ЈКП„Дервен“ по оглас објевен во медиумите на 30.12.2010 година.
28.Информација за одржаните протести на ул.„Маршал Тито“ во Велес на тутунари од 12.01.2011 година.
Со почит,
ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Советот на Општина Велес
Славчо Чадиев, с.р.