Дневен ред за 39-та седница на Советот на Општина Велес

Република Македонија
Совет на Општина Велес                               
Број 07- 1658/1
24.03.2011 година
Велес

Врз основа на член 39, став 2 од Законот за локалната сaмоуправа („Службен весник на РМ" бр.5/02) и член 18, став 3 од Статутот на Општина Велес („Службен гласник на Општина Велес" бр.12/06, 03/09 и18/10), донесувам

РЕШЕНИЕ
за свикување на 39-та седница на Советотна Општина Велес

Седницата ќе се одржи на ден 30.03.2011 година (среда) во просториите на Општина Велес со почеток во  10:00 часот.

- Усвојување на записник од одржаната 37-та седница на Советот на Општина Велес.
- Усвојување на записник од одржаната 38-та седница на Советот на Општина Велес

За седницата го предлагам следниот

ДНЕВЕН РЕД

1. Буџетски календар на Општина Велес за 2012 година.
2. Предлог-одлука за давање на користење недвижен имот-училишна зграда на Ловното друштво „Руен“од Велес.
3. Годишен извештај за реализација на Програмата за енергетска ефикасност на Општина Велес  2010/2014.
4. Годишен извештај за работата на Центарот за развој на Вардарски плански регион за 2010 година.
5. Годишен извештај за спроведување на Програмата за развој на Вардарски плански регион за 2010 година.
6. Предлог-решение за одобрување на средства од Буџетот на Општина Велес.
7. Предлог-решение за давање согласност на Одлука за отуѓување на утврдени движни ствари-предмети на трајно користење на ОСУ „Јовче Тесличков“ Велес.
8. Предлог-решение за давање согласност на Одлука за преотстапување на стар инвентар  на ООУ „Рајко Жинзифов“ Долно Оризари-Велес.
9. Информација за безбедносната состојба на железничките патни премини на подрачјето на Општина Велес.
10. Советнички прашања.

Со почит,

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Советот на Општина Велес
Славчо Чадиев, с.р.