Република Македонија
Совет на Општина Велес
Број 07- 2257/1
21.04.2011 година
Велес
Врз основа на член 39, став 2 од Законот за локалната сaмоуправа („Службен весник на РМ" бр.5/02) и член 18, став 3 од Статутот на Општина Велес („Службен гласник на Општина Велес" бр.12/06, 03/09 и18/10), донесувам
РЕШЕНИЕ
за свикување на 40-та седница на Советот на Општина Велес
Седницата ќе се одржи на ден 28.04.2011 година (четврток) во просториите на Општина Велес со почеток во 13:00 часот.
- Усвојување на записник од одржаната 39-та седница на Советот на Општина Велес.
За седницата го предлагам следниот
ДНЕВЕН РЕД
1.Предлог-одлука за формирање на просторни сили за заштита и спасување во Општина Велес.
2.Предлог-одлука за престанок на постоење на Фондацијата „Коле Неделковски“-Велес.
3.Извештај за реализираните активности од областа на спортот по делегирани надлежности.
4.Предлог-решение за распределба на финансиски средства за поддршка на квалитетен спорт-надоместок за користење на спортски објекти.
5.Предлог-решение за формирање Комисијата за заштита на правата на пациентите.
6.Предлог-решение за формирање Советот на потрошувачите.
7.Предлог-решение за разрешување член на Управниот одбор на ЈКП „Дервен“ Велес.
8.Предлог-решение за именување член на Управниот одбор на ЈКП „Дервен“ Велес.
9.Советнички прашања.
Со почит,
ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Советот на Општина Велес
Славчо Чадиев, с.р.