Дневен ред на 21-та седница на Советот на Општина Велес

Република Македонија
Совет на Општина Велес
Број 0701- ____/1
23.03.2006 година
Велес

Врз основа на член 39, став 2 од Законот за локалната сaмоуправа („Службен весник на РМ" бр.5/02) и член 27, став 2 од Статутот на Општина Велес („Службен гласник на Општина Велес" бр.1/03, 5/05,9/05), донесувам

Р Е Ш Е Н И Е
за свикување на 21-та седница на Советот
на Општина Велес

Седницата ќе се одржи на ден 30.03.2006 година (четврток) во просториите на Општина Велес со почеток во 11,оо часот.

За седницата го предлагам следниот

ДНЕВЕН РЕД
за 21-та седница на Советот на Општина Велес

-Прифаќање на записник од 20-та седница на Советот на Општина Велес

1.Предлог-одлука за определување на улици во Општина Велес кои ќе преставуваат дел од регионален пат.
2.Предлог-одлука за промена на правниот статус на Установата „Рацинови средби“- Велес во културна манифестација на Општина Велес.
3.Предлог-одлука за промена на правниот статус на Установата Фестивал на античка драма „Стоби“- Велес во културна манифестација на Општина Велес.
4.Предлог-одлука за промена на правниот статус на Установата Интернационален фолклорен фестивал „Велес“- Велес во културна манифестација на Општина Велес.
5.Предлог-правилник за начинот и постапката за реализирање на Меѓународната манифестација „ Рацинови средби“.
6.Предлог-правилник за начинот и постапката за реализирање на Фестивалот на античка драма „Стоби“ Велес
7.Предлог-правилник за начинот и постапката за реализирање на Инте- рнационалниот фолкорен фестивал „Велес“- Велес.
8.Предлог-програма за работа на Фондацијата „Коле Неделковски“ Велес за 2006 година.
9.Предлог-решение за распределба на средства за поддршка на спортот во Општина Велес согласно Програмата за активностите на Општина Велес во областа на спорт, млади и НВО секторот во 2006 година
10.Предлог-решение за одобрување на средства од Буџетот на Општина Велес.
11.Предлог-решение за давање на согласност на Статутот на средното општинско училиште Гимназија „Кочо Рацин“ Велес.
12.Предлог-решение за давање на согласност на Статутот на средното општинско училиште „Јовче Тесличков“ Велес.
13.Предлог-решение за давање на согласност на Статутот на средното општинско училиште „Коле Неделковски“ Велес.
14.Предлог-решение за давање на согласност на Статутот на средното општинско училиште „Димитрија Чуповски“ Велес.

Напомена: Материјалите по точките 11,12,13,14 ќе Ви бидат доставени во електронска верзија снимени на медиум СД-РОМ.

Со почит,
ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Советот на Општина Велес
Марјанчо Николов с,р.