Дневен ред на 22-та седница на Советот на Општина Велес

Република Македонија
Совет на Општина Велес
Број 0701- 1302/1
07.04.2006 година
Велес

Врз основа на член 39, став 2 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на РМ" бр.5/02) и член 27, став 2 од Статутот на Општина Велес („Службен гласник на Општина Велес" бр.1/03, 5/05,9/05), донесувам

РЕШЕНИЕ
за свикување на 22-та седница на Советот на Општина Велес


Седницата ќе се одржи на ден 14.04.2006 година (петок) во просториите на Општина Велес со почеток во 10,оо часот.

За седницата го предлагам следниот

ДНЕВЕН РЕД
за 22-та седница на Советот на Општина Велес


- Прифаќање на записник од 21-та седница на Советот на Општина Велес

1.Предлог-Елаборат за нов концепт на основното образование во Општина Велес.
2.Предлог-иницијатива за покренување постапка за престанување со работата на Општинското основно училиште „Трајко Андреев„ Велес.
3.Предлог-иницијатива за покренување постапка за престанување со работата на Општинските основни училишта „ЈХК-Џинот" и „Благој Кирков" и основање на Општинско основно училиште „ Панко Брашнар“ во Велес.
4.Годишен извештај на Општина Велес за 2005 година.
5.Предлог-одлука за утврдување на намена на објект сопственост на Општина Велес.
6.Предлог-одлука за давање на користење на недвижен имот.
7.Предлог-решение за разрешување на член на Управниот одбор на ЈКП „Дервен"-Велес.
8.Предлог-решение за разрешување на член на Одборот за контрола на материјалното и финансиско работење на ЈКП „Дервен"-Велес.
9.Предлог-решение за именување на претседател и членови на Организациониот одбор на културната манифестација „Рацинови средби".
10.Предлог-решение за именување на претседател и членови на Организациониот одбор на културната манифестација Фестивал на античка драма „Стоби".
11.Предлог-решение за именување на претседател и членови на Организациониот одбор на културната манифестација Интернационален фолклорен фестивал „Велес".
12.Информација за функционирањето на урбаните и месните заедници во Општина Велес.
13.Информација за спречување на загадувањето на животната средина од рестартирањето на МХК „Злетово“ и мерките кои ќе ги превземе Општина Велес.
14.Советнички прашања.

Со почит,

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Советот на Општина Велес
Марјанчо Николов с,р.