Република Македонија
Совет на Општина
Велес
Број 0701- 2195/1
09.06.2006 година
Велес
Врз основа на член 39, став 2 од Законот за локалната сaмоуправа
(„Службен весник на РМ" бр.5/02) и член 27, став 2 од Статутот на
Општина Велес („Службен гласник на Општина Велес" бр.1/03, 5/05,9/05),
донесувам
РЕШЕНИЕ
за свикување на 26-та седница на Советот
на Општина Велес
Седницата ќе се одржи на ден 15.06.2006 година (четврток) во просториите на Општина Велес со почеток во 10.00 часот.
-Усвојување на записник од 24 седница на Советот на Општина Велес
-Усвојување на записник од 25 седница на Советот на Општина Велес
За седницата го предлагам следниот
ДНЕВЕН РЕД
за 26-та седница на Советот на Општина Велес
1.Предлог - Статут на Општина Велес.
2.Предлог - решение за одобрување на средства од Буџетот на Општина Велес.
3.Предлог - решение за именување на член на Управниот одбор на ЈКП „Дервен“ Велес.
4.Предлог - решение за именување на член на Надзорниот одбор за
контрола на материјално-финансиското работење на ЈКП „Дервен“ Велес.
5.Советнички прашања.
Со почит,
ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Советот на Општина Велес
Марјанчо Николов с,р.