Република Македонија
Совет на Општина
Велес
Број 0701- 1922/1
23.05.2006 година
Велес
Врз основа на член 39, став 2 од Законот за локалната сaмоуправа
(„Службен весник на РМ" бр.5/02) и член 27, став 2 од Статутот на
Општина Велес („Службен гласник на Општина Велес" бр.1/03, 5/05,9/05),
донесувам
РЕШЕНИЕ
за свикување на 25-та седница на Советот на Општина Велес
Седницата ќе се одржи на ден 30.05.2006 година (вторник) во просториите на Општина Велес со почеток во 10.оо часот.
За седницата го предлагам следниот
ДНЕВЕН РЕД
за 25-та седница на Советот на Општина Велес
1.Предлог-Статут на Општина Велес.
2.Предлог-одлука за донесување на Генерален урбанистички план за град Велес.
3.Предлог-одлука за измена и дополнување на Детален урбанистички план за дел од населба „Керамидна“-Велес.
4.Предлог-одлука за измена и дополнување на Буџетот на Општина Велес за 2006 година.
5.Предлог-одлука за утврдување на реоните на општинските основни училишта во Општина Велес.
6.Предлог-програма за измена и дополнување на Програмата за уредување
на градежно земјиште и заштита на животната средина на просторот на
Општина Велес за 2006 година.
7.Предлог-програма за измена и дополнување на
Програмата активностите на Општина Велес во областа на културата за
2006 година.
8.Предлог-програма за измена и дополнување на
Програмата за активностите на Општина Велес во областа на образованието
за 2006 година.
9.Предлог-препорака на Советот на Општина Велес на началникот на
МВР-СВР Велес од областа на јавната безбедност и безбедноста во
сообраќајот.
Со почит,
ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Советот на Општина Велес
Марјанчо Николов с,р.