Република Македонија
Совет на Општина Велес
Број 07-4592/1
22.08.2012 година
Велес
Врз основа на член 39, став 2 од Законот за локалната сaмоуправа („Службен весник на РМ" бр.5/02) и член 18, став 3 од Статутот на Општина Велес („Службен гласник на Општина Велес" бр.12/06, 03/09 и 18/10), донесувам
РЕШЕНИЕ
за свикување на 63-та седница на Советот на Општина Велес
Седницата ќе се одржи на ден 29.08.2012 година (среда) во просториите на Општина Велес со почеток во 10:00 часот.
За седницата го предлагам следниот
ДНЕВЕН РЕД
1. Квартален извештај за извештајниот период (кумулативно) за квартал од 01.01.2012 година до 30.06.2012 година.
2. Предлог-одлука за измена на распоредот на средствата во Буџетот на Општина Велес за 2012 година.
3. Предлог-одлука за проширување на средствата во Буџетот на Општина Велес за 2012 година.
4. Предлог-одлука за изменување и дополнување на Одлуката за давање на користење на недвижен имот сопственост на Општина Велес на ОСУ Гимназија „Кочо Рацин“ и ОССУ „Димитрија Чуповски“.
5. Нацрт-програма за поддршка на претприемништвото, семејните и малите бизниси.
6. Предлог-решение за одобрување средства од Буџетот на Општина Велес.
7. Предлог -решение за давање согласност за формирање на паралелка со помал број на ученици во ССОУ „Коле Неделковски“.
8. Предлог-решение за разрешување претседател и членови на Организациониот одбор на Културната манифестација Интернационален фолклорен фестивал „Велес“.
9. Предлог-решение за именување претседател и членови на Организациониот одбор на Културната манифестација Интернационален фолклорен фестивал „Велес“.
10. Информација за работата на полициска станица Велес за периодот од Јануари – Јуни 2012 година.
11. Советнички прашања.
Со почит,
ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Советот на Општина Велес
м-р Славчо Чадиев с.р.