Дневен ред за 62-та седница на Советот на Општина Велес

Република Македонија
Совет на Општина Велес                               
Број 07-3706/1
04.07.2012 година
Велес
Врз основа на член 39, став 2 од Законот за локалната сaмоуправа („Службен весник на РМ" бр.5/02) и член 18, став 3 од Статутот на Општина Велес („Службен гласник на Општина Велес" бр.12/06, 03/09 и 18/10), донесувам

РЕШЕНИЕ
за свикување на 62-та седница на Советот на Општина Велес

Седницата ќе се одржи на ден 11.07.2012 година (среда) во просториите на Општина Велес со почеток во  10:00 часот.

За седницата го предлагам следниот

ДНЕВЕН РЕД

1.Предлог-одлука за утврдување Нацрт детален урбанистички план за УЕ 1, УБ 10 помеѓу ул. „Борис Трајковски“, ул.„Андон Шурков“, ул. „АСНОМ“, ул. „Крсте Мисирков“, КО Велес, Општина Велес.
2.Предлог-одлука за утврдување на Нацрт детален урбанистички план за УЕ 1, дел од УБ 3, Општина Велес.
3.Предлог-одлука за утврдување на приоритет на проект за инфраструктура „Основен проект за фекална канализација за Населено место Горно Оризари со Пречистителни станици за отпадни води   – Зона 1 и   Зона 2“ Општина Велес.
4.Предлог-одлука за утврдување на приоритет на проект за инфраструктура „Основен проект за фекална канализација за Населено место Горно Оризари – Зона 3  за  Изведба на траса на К1-2“ Општина Велес.
5.Предлог-одлука за збратимување на Општина Велес со Општина Зеница, Федерација на Босна и Херцеговина.
6.Предлог-одлука за пренесување на право на  сопственост на недвижна ствар од Општина Велес на Општина Чашка.
7.Предлог-одлука за изменување и дополнување на Одлуката за определување на имиња на улици во с.Башино Село.
8.Извештај за работењето на Јавното комунално претпријатие „Дервен“ за период од I –III месец 2012година.
9.Елаборат за процена на штета од елементарна непогода –пожар и невреме силен ветар со дожд во Општина Велес.
10.Предлог-Решение за прифаќање Иницијатива за именување и дополнување на Генерален урбанистички план  за дел од УБ 25, УБ 26, УЕ III, УБ 34, УE V, Општина Велес.
11.Предлог-решение за одобрување средства од Буџетот на Општина Велес. (за направени штети).
12.Предлог-решение за разрешување членови на УО на ССОУ „Коле Недeлковски“ Велес, претставници на Општина Велес.
13.Предлог-решение за именување членови на УО на ССОУ „Коле Недeлковски“ Велес, претставници на Општина Велес

Со почит,
ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Советот на Општина Велес
м-р Славчо Чадиев с.р.