Дневен ред на 28-та седница на Советот на Општина Велес

Република Македонија
Совет на Општина Велес
Број 0701- 2551/1
07.07.2006 година
Велес

Врз основа на член 39, став 2 од Законот за локалната сaмоуправа („Службен весник на РМ" бр.5/02) и член 18, став 3 од Статутот на Општина Велес („Службен гласник на Општина Велес" бр.12/06), донесувам

РЕШЕНИЕ
за свикување на 28-та седница на Советот на Општина Велес


Седницата ќе се одржи на ден 14.07.2006 година (петок) во просториите на Општина Велес со почеток во 10.оо часот.

-Усвојување на записник од 26 -та седница на Советот на Општина Велес
-Усвојување на записник од 27 -та итна седница на Советот на Општина Велес

За седницата го предлагам следниот

ДНЕВЕН РЕД
за 28-та седница на Советот на Општина Велес


1.Предлог – одлука за утврдување и спроведување на Јавна презентација и Јавна анкета на Нацрт изменување и дополнување на Деталниот урбанистички план за дел од МЗ „Трајче Панов“-Велес.
2.Предлог-одлука за давање на користење на недвижна ствар.
3.Предлог-одлука за одземање на правото на користење на недвижна ствар.
4.Предлог-одлука за измена и дополнување на Одлуката за утврдување на наменско користење на дел од објект.
5.Предлог-одлука за отпис на застарени побарувања и обврски во Буџетот на Општина Велес.
6.Извештај за воспитно образовната работа на ОСУ„Јовче Тесличков“ Велес за 2005/2006 година.
7.Годишен извештај за работата на ООУ„Блаже Конески“ Велес за учебната 2005/2006 година.
8.Годишен извештај за воспитно образовната работа на ООУ„Трајко Андреев“ Велес за учебната 2005/2006 година.
9.Годишен извештај за наставно-воспитната работа на ООУ„Васил Главинов“ Велес за 2005/2006 година.
10.Годишен извештај за наставно-воспитната работа на ООУ„Рајко Жинзифов“ Долно Оризари за 2005/2006 година.
11.Советнички прашања.

Со почит,
ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Советот на Општина Велес
Марјанчо Николов с,р.