Дневен ред на 29-та седница на Советот на Општина Велес

Република Македонија
Совет на Општина Велес
Број 0701- 2669/1
19.07.2006 година
Велес

Врз основа на член 39, став 2 од Законот за локалната сaмоуправа („Службен весник на РМ" бр.5/02) и член 27, став 2 од Статутот на Општина Велес („Службен гласник на Општина Велес" бр.1/03, 5/05,9/05), донесувам

РЕШЕНИЕ
за свикување на 29-та седница на Советот на Општина Велес


Седницата ќе се одржи на ден 25.07.2006 година (вторник) во просториите на Општина Велес со почеток во 10.оо часот.

За седницата го предлагам следниот

ДНЕВЕН РЕД
за 29-та седница на Советот на Општина Велес


1.Квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Велес за квартал I-ви и II-ри /2006 година.
2.Годишен извештај за работа на ОСУ„Димитрија Чуповски“ Велес во наставната 2005/2006 година.
3.Годишен извештај за воспитно образовната работа на ОСУ Гимназија„Кочо Рацин“ Велес во учебната 2005/2006 година.
4.Годишен извештај за воспитно образовната работа во учебната 2005/2006 година на ОСУ„Коле Неделковски“ Велес.
5.Годишен извештај за воспитно образовната работа на ООУ„Благој Кирков“ Велес за учебната 2005/2006 година.
6.Годишен извештај за воспитно образовната работа во учебната 2005/2006 година на ООУ„Св.Кирил и Методиј“ Велес.
7.Годишен извештај за воспитно образовната работа во учебната 2005/2006 година на ООУ„Стојан Бурчевски Буридан“с. Иванковци.
8.Годишен извештај за воспитно образовната работа во учебната 2005/2006 година на ООУ„ЈХК Џинот“ Велес.
9.Годишен извештај за работата на ОМУ„Киро Димов“ Велес за учебната 2005/2006 година.
10.Извештај за воспитно образовната работа на ОЈУ за деца Детска градинка „Димче Мирчев“ Велес.

Со почит,
ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Советот на Општина Велес
Марјанчо Николов с,р.