Дневен ред за 66-та Седница на советот на Општина Велес

Република Македонија
Совет на Општина Велес                               
Број 07-5860/1
24.10.2012 година
Велес

Врз основа на член 39, став 2 од Законот за локалната сaмоуправа („Службен весник на РМ" бр.5/02) и член 18, став 3 од Статутот на Општина Велес („Службен гласник на Општина Велес" бр.12/06, 03/09 и 18/10), донесувам

РЕШЕНИЕ
за свикување на 66-та седница на Советот на Општина Велес

Седницата ќе се одржи на ден 31.10.2012 година (среда) во просториите на Општина Велес со почеток во 10:00 часот.

-Усвојување на записник од одржаната 65-та седница на Советот на Општина Велес.

За седницата го предлагам следниот

ДНЕВЕН РЕД

1.Предлог-решение за разрешување на претседателот на Советот на Советот на Општина Велес.
2.Предлог-одлука за доделување на 9-то Ноемвриски награди и признанија на Општина Велес за 2012 година.
3.Предлог-одлука за доделување награда за животно дело „Гемиџии“ за 2012 година.
4.Предлог-одлука за доделување награда за најстудент „Проф. Д-р  Ѓорѓи Шоптрајанов“ за 2012 година.
5.Предлог-програма поддршка на претприемништвото, семејните и малите бизини.
6.Нацрт-програма за активностите на Општина Велес во областа на локалниот економски развој (ЛЕР) и развојот на информатичката технологија (ИТ) во 2013 година.
7.Нацрт-програма за активностите на Општина Велес во областа на заштитата и спасувањето, противпожарната заштита и управувањето со кризи во 2013 година.
8.Нацрт-програма за активностите на Општина Велес во областа на културата во 2013 година.
9.Нацрт-програма за активностите на Општина Велес во областа на образованието во 2013 година.
10.Нацрт-програма за активностите на Општина Велес во областа на здравствената заштита во 2013 година.
11.Нацрт-програма за активностите на Општина Велес во областа на социјалната заштита во 2013 година.
12.Нацрт-програма за активностите на Општина Велес во областа на спорт и млади во 2013 година.
13.Нацрт-програма за активностите на Општина Велес за поддршка на граѓанскиот сектор во 2013 година.
14.Нацрт-програма за активностите на Општина Велес во областа на промоција и комуникација со јавноста во 2013 година.
15.Нацрт-програма за активностите на Општина Велес во областа на меѓународната соработка во 2013 година.
16.Извештај за реализација на Културната манифестација „49-ти Рацинови средби“- 2012.
17.Предлог-решение за разрешување член на Училишен одбор на ООУ „Стојан Бурчевски-Буридан“ с.Иванковци, претставник на Општина Велес. 
18.Предлог-решение за именување член на Училишен одбор на ООУ „Стојан Бурчевски-Буридан“ с.Иванковци, претставник на Општина Велес. 
19.Предлог-решение за разрешување член на Училишен одбор на СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ Велес, претставник на Општина Велес.
20.Предлог-решение за именување член на Училишен одбор на СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ Велес, претставник на Општина Велес. 
21.Предлог-решение за разрешување членови на Управен одбор на ЈКП „Дервен“ Велес, претставници на Општина Велес. 
22.Предлог-решение за именување членови на Управен одбор на ЈКП „Дервен“ Велес, претставници на Општина Велес.
23.Советнички прашања

Со почит,

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Советот на Општина Велес
м-р Славчо Чадиев с.р.