Дневен ред за 67-та седница на Советот на Општина Велес

Република Македонија
Совет на Општина Велес
Број 07-6137/1
08.11.2012 година
Велес

Врз основа на член 39, став 2 од Законот за локалната сaмоуправа („Службен весник на РМ" бр.5/02) и член 18, став 3 од Статутот на Општина Велес („Службен гласник на Општина Велес" бр.12/06, 03/09 и 18/10), донесувам

РЕШЕНИЕ
за свикување на 67-та седница на Советот на Општина Велес

Седницата ќе се одржи на ден 12.11.2012 година (понеделник) во просториите на Општина Велес со почеток во 15:00 часот.
-Усвојување на записник од одржаната 66-та седница на Советот на Општина Велес.

За седницата го предлагам следниот

ДНЕВЕН РЕД

1. Предлог-програма за изменување и дополнување на Програмата за уредување на градежно земјиште и заштита на животната средина на просторот на Општина Велес за 2012година.
2. Нацрт-програма за уредување на градежно земјиште и заштита на животната средина на просторот на Општина Велес за 2013 година.

Со почит,
ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Советот на Општина Велес
м-р Славчо Чадиев с.р.