Дневен ред за 73-та седница на Советот на Општина Велес

Република Македонија
Совет на Општина Велес
Број 07-1196/1
19.02.2013 година
Велес

Врз основа на член 39, став 2 од Законот за локалната сaмоуправа („Службен весник на РМ" бр.5/02) и член 18, став 3 од Статутот на Општина Велес („Службен гласник на Општина Велес" бр.12/06, 03/09 и 18/10), донесувам

РЕШЕНИЕ
за свикување на 73-та седница на Советот на Општина Велес

Седницата ќе се одржи на ден 26.02.2013 година (вторник) во просториите на Општина Велес со почеток во 10:00 часот.

Усвојување на записник од одржаната 72-та седница на Советот на Општина Велес.

За седницата го предлагам следниот

ДНЕВЕН РЕД

1. Предлог-одлука за утврдување на потребата за изменување и дополнување на ГУП на град Велес дел од УЕ 10 УБ 51.
2. Предлог-одлука за утврдување на потребата за изменување и дополнување на Детален урбанистички план за дел од подрачје на МЗ Алексо Демниевски- Бауман за населба Керамидна, Велес.
3. Предлог-одлука за утврдување на потребата од изработка на локална урбанистичка планска документација на територијата на Општина Велес
4. Годишен извештај за работењето на Општина Велес за 2012 година.
5. Завршна сметка на Буџетот на Општина Велес за 2012 година.
6. Годишен извештај за реализација на Програмата за одржување на јавната чистота на територијата на Општина Велес за 2012 година од ЈКП „Дервен“ Велес.
7. Извештај за работењето и резултатите по завршната сметка во 2012 година на ЈКП „Дервен“Велес.
8. Годишен финансиски извештај и завршна сметка на Средното општинско училиште Гимназија „Кочо Рацин“ Велес за 903, 787 и 603 (општинска) за 2012 година.
9. Годишен финансиски извештај и завршна сметка на Средното општинско училиште „Јовче Тесличков“ Велес за 903, 787 и 603 (општинска) за 2012 година.
10. Годишен финансиски извештај и завршна сметка на Средното општинско училиште „Димитрија Чуповски“ Велес за 903, 787 и 603 (општинска) за 2012 година.
11. Годишен финансиски извештај и завршна сметка на Средното општинско училиште „Коле Неделковски“ Велес за 903, 787 и 603 (општинска) за 2012 година.
12. Годишен извештај за работата и завршна сметка на Општинската јавна установа за деца Детска градинка „Димче Мирчев“ Велес за 903, 787 и 603 (општинска) за 2012 година.
13. Годишен извештај за работата и завршна сметка на Локалната библиотека „Гоце Делчев“ Велес за 903,787 и 603 (општинска) за 2012 година.
14. Годишен извештај за работата и завршна сметка на Локалната установа „Народен музеј“ Велес за 903,787 и 603 (општинска) за 2012 година.

Со почит,
ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Советот на Општина Велес
м-р Славчо Чадиев с.р.