Република Македонија
Совет на Општина Велес
Број 07-965/1
07.02.2013 година
Велес
Врз основа на член 39, став 2 од Законот за локалната сaмоуправа („Службен весник на РМ" бр.5/02) и член 18, став 3 од Статутот на Општина Велес („Службен гласник на Општина Велес" бр.12/06, 03/09 и 18/10), донесувам
РЕШЕНИЕ
за свикување на 72-та седница на Советот на Општина Велес
Седницата ќе се одржи на ден 14.02.2013 година (четврток) во просториите на Општина Велес со почеток во 10:00 часот.
Усвојување на записник од одржаната 71-та седница на Советот на Општина Велес.
За седницата го предлагам следниот
ДНЕВЕН РЕД
1.Квартален извештај за извештајниот периодот (кумулативно) за квартал од 01.01.2012 година до 31.12.2012 година.
2.Предлог – Одлука за утврдување на Нацрт изменување и дополнување на Генерален урбанистички план на град Велес дел од урбана единица 1, блок 1А и 1Б - Општина Велес.
3.Предлог-одлука за утврдување на приоритет на „Проект за изградба на локалан патен правец с.Отовица –МЗ Младост“.
4.Предлог –одлука за комунален ред и мерки за нејзино спроведување во Општина Велес.
5.Предлог-одлука за утврдување на предлогот за воспоставување на меѓуопштинска соработка(проект-енергетска ефикасност).
6.Предлог-одлука за формирање на заедничка комисија за подготовка на актите за воспоставување на меѓуопштинска соработка помеѓу општините Велес,Кавадарци, Неготино, Свети Николе,Чашка, Градско,Лозово, Росоман и Демир Капија(проект-енергетска ефикасност).
7.Предлог-одлука за утврдување на предлогот за воспоставување на меѓуопштинска соработка(проект- инклузивен развој на Вардарскиот плански регион).
8.Предлог-одлука за формирање на заедничка комисија за подготовка на актите за воспоставување на меѓуопштинска соработка помеѓу општините Велес,Кавадарци, Неготино, Свети Николе,Чашка, Градско,Лозово, Росоман и Демир Капија (проект- инклузивен развој на Вардарскиот плански регион).
9.Предлог-програма за енергетска ефикасност 2013-2015.
10.Советнички прашања.
Со почит,
ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Советот на Општина Велес
м-р Славчо Чадиев с.р.