Свикување на првата (конститутивна) седница на Советот на Општина Велес

Република Македонија
Совет на Општина Велес                             
07-2416/1
11.04.2013 година 
Велес


Врз основа на член 37, став 2 од Законот за локална самоуправа „Сл.весник на РМ“ бр.5/02) и член 3 од Деловникот на Советот на Општина Велес („Сл.гласник на Општина Велес“ бр.12/07), донесувам

РЕШЕНИЕ
за свикување на првата (конститутивна) седница на Советот на Општина Велес


Ја свикувам првата (конститутивна) седница на Советот на Општина Велес. Седницата ќе се одржи на ден 12 април 2013 година (петок) со почеток во 11:00 часот.
За седницата го предлагам следниот

 

ДНЕВЕН РЕД

1.Предлог-решение за избор на претседател и членови на Верификационата комисија.
2. Извештај на Верификационата комисија за верификација на мандатите на членовите на Советот на Општина Велес.
3. Предлог-одлука за верификација на мандатите на членовите на Советот на Општина Велес.  
- Полагање и потпишување на Свечена изјава од членовите на Советот.
4. Предлог-решение за избор на претседател и членови на Комисија за мандатни прашања, избори и именувања.
5. Предлог-решение за избор на претседател на Советот.

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Советот на Општина Велес,
м-р Славчо Чадиев с.р.

 


Напомена:
Членовите на Советот на првата седница се должни да ги достават Уверенијата за избрани членови на Советот на Општината и лична карта за идентификација.