Дневен ред за втората седница на Советот на Општина Велес

Република Македонија
Совет на Општина Велес                               
Број 07- 2704/1
22.04.2013 година
Велес

Врз основа на член 39, став 2 од Законот за локалната сaмоуправа („Службен весник на РМ" бр.5/02) и член 18, став 3 од Статутот на Општина Велес („Службен гласник на Општина Велес" бр.12/06, 03/09 и 18/10), донесувам

РЕШЕНИЕ
за свикување на втората седница на Советот на Општина Велес

Седницата ќе се одржи на ден 29 април 2013 година (понеделник) со почеток во 11.00 часот. За седницата го предлагам следниот

ДНЕВЕН РЕД

1. Предлог-решение за избор на претседател и членови на Комисијата за Статут и прописи.
2. Предлог-решение за избор на претседател и членови на Комисијата за општествени дејности.
3. Предлог-решение за избор на претседател и членови на Комисијата за урбанизам, комунални дејности и заштита на животната средина.
4. Предлог-решение за избор на претседател и членови на Комисијата за финансирање, Буџет и локален економски развој.
5. Предлог-решение за избор на претседател и членови на Комисијата за еднакви можности помеѓу жените и мажите.
6. Предлог-решение за избор на претседател и членови на Комисијата за заштита на правата на децата.
7. Предлог-решение за избор на претседател и членови на Комисијата за спорт и млади.
8. Предлог-решение за избор на претседател и членови на Комисијата за изготување на Програма за работа на Советот на Општина Велес.
9. Предлог-решение за избор на претседател и членови на Комисијата за определување на имиња на улици, плоштади и други инфраструктурни објекти.
10. Предлог-решение за определување преставници од членовите на Советот на Општина Велес во постапката за склучување на бракови.

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Советот на Општина Велес,
Александар Колев с.р.