Почитувани преставници на медиумите, почитувани сограѓани
Во интерес на транспарентноста и јавноста на работата на Советот на Општина Велес, сакам да ја известам јавноста дека во текот на вчерашниот ден (07.10.2013 г.) како Претседател на Советот го потпишав Решението за свикување на следната 10-та седница. По претходната координација со координаторите на советничките групи и со градоначалникот беше договорено седницата да се одржи на 14.10.2013 година (понеделник) во просториите на Општина Велес со почеток во 11:00 часот.
За 10-тата седница на Советот предложен е следниот дневен ред:
1.Предлог-одлука за давање согласност за преместување на спомен обележја - постоечки бисти од Младинскиот парк и Паркот на хероите пред Ликовниот салон и нивно поставување пред спомен обелжјето Костурница.
Како што знаете оваа точка беше дел и од дневниот ред за 9-тата седница на Советот на Општина Велес, но по барање на советничката група на СДСМ и коалиционите партнери беше симната од дневниот ред поради потребата од дополнителна координација, која тие ја неведоа.
Инаку со оваа предлог-одлука е предвидено давање на согласност за преместување на бистите на девет (9) велешки херои, и тоа: Благој Ѓорев, Трајко Капчев, Анде Кошулчев, Благој Кирков, Јовче Чучук, Трајко Андреев, Рајко Жинзифов и народните херои Благој Страчковски и Димче Мирчев.
Од причина што на посечените локации во Младинскиот парк и паркот пред Ликовниот салон, од страна на непознати сторители имаше нарушување на интегритетот на спомен обележјата и нивно целосно уништување, се предлага нивно поставување на една единствена локација пред Спомен обележјето Костурница.
2.Предлог-одлука за прифаќање на предлог за воспоставување на меѓуопштинска соработка.
На 10-тата седница на Советот ќе се најде на разгледување и предлог-одлуката за прифаќање на Предлогот за воспоставување на меѓуопштинска соработка утврден од Советот на Општина Градско а поднесен од Градоначалникот на Општина Градско за склучување на Договор за вршење на определени адмнистративни работи и услуги помеѓу двете општини.
Ваквата меѓуопштинска соработка е регулирана со закон за меѓуопштинска соработка. Истата ќе придонесе за поефикасно и поекономично вршење на надлежностите на општините и за остварување на заедничките цели и интереси.
По донесувањето на оваа Одлука, помеѓу општините ќе биде склучен договор за воспоставување на меѓуопштинската соработка.
3.Предлог-програма за зимско одржување на локални патишта и улици на Општина Велес за сезоната 2013/2014 година.
Со оваа Програма се уредуваат работите за зимското одржување на локалните патишта и улиците, делниците од магистралните и регионалните патишта кои минуваат низ населените места, а се изградени како улици, како и работите за одржување на комуналните објекти, тротоарите (и велосипедските патеки) на подрачјето на Општина Велес за сезоната 2013/2014 година. Програмата детално ги предвидува предметот и опфатот за зимско одржување на патната инфраструктура, како и сите надлежни органи, институции и субјекти кои ќе се вклучат во извршувањето на работите.
4.Нацрт-програма за уредување на градежно земјиште на просторот на Општина Велес за 2014 година.
5.Нацрт-програма за изработка на урбанистички планови во Општина Велес за 2014мгодина.
6.Нацрт-програма за активностите на Општина Велес во областа на локалниот економски развој во2014година.
7.Нацрт-програма за активностите на Општина Велес во областа на информатичката технологија (ИТ) во 2014 година.
8.Нацрт-програма за активностите на Општина Велес во областа на заштитата на животната средина во 2014 година.
9.Нацрт-програма за активностите на Општина Велес во областа на културата во 2014 година.
10.Нацрт-програма за активностите на Општина Велес во областа на образованието во 2014 година.
11.Нацрт-програма за активностите на Општина Велес во областа на социјалната заштита во 2014година.
12.Нацрт-програма за активностите на Општина Велес во областа на здравствената заштита во 2014година.
13.Нацрт-програма за активностите на Општина Велес во областа на спорт и млади во 2014 година.
14.Нацрт-програма за активностите на Општина Велес за поддршка на граѓанскиот секторот во 2014 година.
15.Нацрт-програма за активностите на Општина Велес во областа на заштитата и спасувањето, противпожарната заштита и управувањето со кризи во 2014 година.
16.Нацрт-програма за активностите на Општина Велес во областа на промоција и комуникација со јавноста и меѓународната соработка во 2014 година
Од 4-тата до 16-тата точка предложени за разгледување на 10-тата седница на Советот на Општина Велес, се наоѓаат и Нацрт-програмите за работа на Општина Велес за 2014 година. Носењето на овие нацрт-програми не е законска обврска, но е потврда за добрата пракса која ја има воспоставено општината во поглед на транспарентното и отчетно работење.
По донесувањето на нацртите, ќе следат Јавните расправи на кои ќе се повикаат сите жители од подрачјето на општината кои сакаат да дадат свои предлози за реализација на Проекти за следната година, а потоа до петнаесетти ноември односно петнаесети декември треба да бидат усвоении дефинитивните Програми и Буџетот за следната година.
17.Извештај за работата на ОЈУ за деца Детска градинка „Димче Мирчев“ за 2012/2013 година.
18.Предлог-Програма за работа на ОЈУ за деца Детска градинка „Димче Мирчев“ за 2013/2014 година.
Седумнаесеттата и осумнаесеттата точка на дневниот ред се однесуваат на извештајот за работа во изминатата 2013/2012 година како и на предлог-програмата за работа на ОЈУ за деца Детска градинка „Димиче Мирчев” за 2013/2014 година.
Извештајот нуди целосен осврт на воспитно-образовниот и згрижувачки процес на работата во Установата за периодот од учебната 2012-2013 година, додека годишната програма претставува краткорочен развоен докумен и оперативен план за работа со кој е програмирана целокупната работа на ОЈУ за деца Детска градинка „Димче Мирчев”.
Во согласност со законските прописи, Советот на Општина Велес како основач на оваа јавна установа е должен да ги разгледа и да се произнесе по однос на извештајот и програмата за работа.
19.Предлог-решение за одобрување на средства од Буџетот на Општина Велес.
До Советот на Општина Велес е доставено барање за одобрување на финансиски средства во вид на еднократна помош на две лица, жители на Општина Велес заради санирање на последиците и настанатите штети предизвикани пожар во нивните куќи. На седницата, советниците ќе ги разгледаат овие случаи и ќе го определат износот кој ќе им биде доделен на лицата како еднократна помош.
Со тоа е исцрпен и предложениот дневен ред за 10-тата седница на Советот на Општина.
Седниците на соодветните комисии надлежни за разгледување на точките од дневниот ред се свикани и ќе се одржат во Понеделник, 14 октомври 2013 година.
Ви благодарам!