Во интерес на jaвното и транспарентно работење на Советот на Општина Велес, дозволете ми да ја известам јавноста дека на ден 17.09.2013 година (вторник) како Претседател на Советот го потпишав Решението за свикување на следната 9-та седница. По претходната координација со координаторите на советничките групи и со градоначалникот беше договорено седницата да се одржи на 24.09.2013 година (вторник) во просториите на Општина Велес со почеток во 10:00 часот.
За 9-тата седница на Советот предложен е следниот дневен ред:
1.Предлог-одлука за давање согласност за преместување на спомен обележја - постоечки бисти од Младинскиот парк и Паркот на хероите пред Ликовниот салон и нивно поставување пред спомен обележјето Костурница.
Согласно Законот на меморијални споменици и спомен обележја, Советот на Општина Велес со посебна Одлука го уредува прашањето за давање согласност за превземање дејствија за преместување и други прашања кои се поврзани со спомен обележјата во градот. Во таа насока со оваа предлог-одлука е предвидено давање на согласност за преместување на бистите на хероите Благој Ѓорев, Трајко Капчев, Анде Кошулчев, Благој Кирков, Јовче Чучук, Трајко Андреев, Рајко Жинзифов и народните херои Благој Страчковски и Димче Мирчев. Од причина што на посечените локации во Младинскиот парк и паркот пред Ликовниот салон, од страна на непознати сторители имаше нарушување на интегритетот на спомен обележјата и нивно целосно уништување, се предлага нивно поставување на една единствена локација пред Спомен обележјето Костурница.
2. Предлог – програма за изменување и дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови во Општина Велес за 2013 година.
Со оваа измена и доплнување на програмата за иразботка на урбанистички планови за 2013 година, се планира допоплнителна изработка на Урбанистички план вон населено место за изградба на индустриски објекти (КО Оризари). Исто така е предвидена и промена на ГУП со што се предвидува просторот кај гаражите на ЈКП Дервен во населбата Тунел да се пренамени во простор за домување во станбени згради. Со предлог програмата се планира и изработка на Локална урбанистичка документација за мали и комерцијални деловни намени, градби за производство на енергија и изградба на фотоволтаични панели како и градби за спорт и рекреација.
3. Предлог-Годишна програма за работа на ООУ „Св.Кирил и Методиј“ Велес за учебната 2013/2014 година.
4. Предлог-Годишна програма за воспитно -образовната работа на ООУ „Васил Главинов“ Велес за учебната 2013/2014 година.
5. Предлог-Годишна програма за работа на ООУ „Блаже Конески“ Велес за учебната 2013/2014 година.
6. Предлог-Годишна програма за работа на ООУ „Благој Кирков“ Велес за учебната 2013/2014 година.
7. Предлог-Годишна програма за работа на ООУ „Јордан Хаџи – Константинов Џинот“ Велес за учебната 2013/2014 година.
8. Предлог-Годишна програма за работа на ООУ „Рајко Жинзифов“ с. Долно Оризари за учебната 2013/2014 година.
9. Предлог-Годишна програма за работа на ООУ „Стојан Бурчевски Буридан“ с.Иванковци за учебната 2013/2014 година.
10. Предлог-Годишна програма за работа на ООМУ „Стефан Гајдов“ Велес за учебната 2013/2014 година.
11. Предлог-Годишна програма за воспитно-образовната работа на ОСУ „Јовче Тесличков“ Велес за учебната 2013/2014 година.
12. Предлог-Годишна програма за воспитно-образовната работа на СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ Велес за учебната 2013/2014 година.
13. Предлог-Годишна програма за работа на ССОУ „Димитрија Чуповски“ Велес за учебната 2013/2014 година
14. Предлог-Годишна програма за работа на ССОУ „Коле Неделковски“ Велес за учебната 2013/2014 година.
Годишните програми за воспитно-образовната работа на општинските средни и основни училишта за учебната 2013/14 година се краткорочни развојни документи и претставуваат оперативни планови за работа со кој е програмирана целокупната работа во училиштата. Тие се подготвуваат за да бидат носител и столб на сите процеси во училиштата кои се планираат и ќе се реализираат во текот на оваа учебна година која што неодамна отпочна. Во согласност со законските прописи, Советот на Општина Велес како основач на овие образовни институции е должен да ги разгледа и да се произнесе по годишните програми.
15. Предлог-решение за именување на командат на Општинскиот штабот за зашита и спасување во Општина Велес.
Со цел да се утврди составот на членовите на Општинскиот штаб за заштита и спасување во Општина Велес најнапред поребно е да се именува командант на штабот. Согласно законот за заштита и спасување понатаму командантот ги утврдува членовите на штабот за заштита и спасување. Со ова предлог-решение за командант на Општинскиот штаб за заштита и спасување на Општина Велес се предлага м-р Славчо Чадиев – градоначалник на Општина Велес. Од Дирекцијата за заштита и спасување е добиено позитивно мислење и препорака дека градоначалникот Чадиев е соодветен да биде именуван за Командант за Општинскиот штаб за заштита и спасување во Општина Велес. На 9-тата седница на Советот на Општина Велес, советниците ќе треба да се произнесат по ова предлог решение.
16. Предлог-решение за разрешување и именување на членови на Одборот за спас на Велес од Топилницата.
Одборот за спас на Велес од Топилницата е формиран на седница на Советот на Општина Велес одржана на 09.06.2008 година. Во кој Одбор членуваат членови од повеќе институции во градот кои имаат задача да вршат континуирано следење на активностите во проектот Топилница за олово и цинк и да предлагаат мерки за дејствување кои ќе одат во прилог на зачувување на здравјето на граѓаните и спречување на понатамошно деградирање на животната средина. Од причина што дел од членовите се поранешни членови на Советот се предлага донесување на ова Решение со кое се разрешуваат и именуваат 5 нови членови.
17. Предлог-решение за разрешување и именување на претседател и членови на Комисијата за распределба на простории сопственост на Општина Велес на невладини организации, здруженија на граѓани и фондации.
Врз основа Законот за локалната самоуправа и Статутот на Општина Велес а согласно Правилникот за користење на простории од страна на здруженија и фондации, Советот на Општина Велес e надлежен за разрешување и именување на претседател и членови на Комисијата надлежна за оваа проблематика. Од причина што претседателот и двајцата членови на досегашната комисија повеќе не се дел од Советот на Општина Велес, на оваа седница потребно е тие да се разрешат и на нивно место да се именуваат нов претседател и нови двајца членови.
18. Предлог-решение за разрешување и именување на членови на Комисијата за стипендирање на телентирани ученици и студенти.
Врз основа на Законот за локалната самоуправа и Статутот на Општина Велес а во согласност со Одлуката за утврдување начин на стипендирање на тaлентирани ученици и студенти во Општина Велес, Советот е надлежен орган за утврдување на членовите на оваа комисија како и на начинот на кој ќе се спроведува стипендирањето на талентирани ученици и студенти. Бидејќи на досегашните членови им е поминат мандатот на нивно дејсттување во комисијата, потребно е советот да ги разреши а истовремено и да именува 5 нови членови. Инаку Комисијата за стипендирање на тaлентирани ученици и студенти е сочинета од 5 лица од кои 2 (двајца) советници, 1 (еден) од општинската администрација и 2 (два) члена кои се претставници на образовните институции.
19. Информација за мерките и активноститите за изработка на процена на загрозеност на безбездноста од сите ризици и опасности на подрачјето на Општина Велес.
Според Законот за управување со кризи, Советот на Општина Велес е надлежен орган за носење на Проценката на загрозеност од ризици и опассности за настанување на кризна состојба на подрачјето на општината. Вавките проценки се изработуваат во организиран процес на комуникација, координација и размена на податоци, информации и документи, помеѓу Регионалните центри за управување со кризи и субејктите од системот за управување со кризи на локално ниво. Проценката е важна поради превземање на превентивни и оперативни мерки за ризиците и опасностите на територијата на Општина Велес и поради исполнување на законските норми. Согласно тоа до Советот, од страна на Центарот за управување на кризи е доставена Информазија за мерките и активностите за изработка на процена на загрозеност на безбедноста од сите ризици и опасности на подрачјето на Општина Велес. На 9 седница, Советот на Општина Велес треба се произнесе за предлог заклучоците кои постојат во информацијата по нејзиното разгледување од страна на советниците.
Со оваа 19-та точка е заокружен и предложениот дневен ред за 9-тата седница на Советот на Општина Велес.
На крајот би сакал да напоменам и дека седниците на соодветните комисии надлежни за разгледување на точките од дневниот ред се свикани и ќе се одржат ден пред одржувањето на седницата на Советот, Понеделник 23 септември 2013 година.
Ви благодарам!