Почитувани преставици на медиумите, почитувани сограѓани
На денешната пресконференција сакам да ја известам јавноста дека во текот на денешниот ден (28.10.2013) како Претседател на Советот на Општина Велес, во согласност со законските рамки, го потпишав решението за свикување на 11-тата седница на Советот на Општина Велес.
Седницата ќе се одржи на ден 04.11.2013 година во просториите на Општина Велес со почеток во 12.00 часот.
За 11 седница на Советот предложен е следниот дневен ред:
1. Квартален извештај за извештајниот период (кумулативно) за квартал од 01.01.2013година до 30.09.2013 година.
Кварталниот извештај за извршување на Буџетот на Општина Велес за извештајниот период е направен согласно Законот за финансирање на ЕЛС. Во овој извештај за временскиот период од 01.01. до 30.09.2013 година, се внесени податоците за планираните тековно-оперативни и капитални приходи и расходи на годишно ниво, а реализацијата е до 30.09.2013 година.
2. Предлог-одлука за доделување на 9-то Ноемвриски награди и признанија на Општина Велес за 2013 година.
3. Предлог-одлука за доделување награда за животно дело „Гемиџии“ за 2013 година.
4. Предлог-одлука за доделување награда за најстудент „Проф. Д-р Ѓорѓи Шоптрајанов“ за 2013 година.
Согласно прописите за работа Општина Велес во изминатиот период покрена иницијатива за прибирање предлози за доделување на Деветоноемвриски признанија и награда за животно дело „Гемиџии“ за 2013 година како и награда за најстудент „Проф.д-р Ѓорги Шоптрајанов“.
По завршувањето на рокот за прибирање на предлозите, Комисијата за општествени дејности ги разгледа и ќе се произнесе по истите со предлог до Советот да донесе одлука за доделување на наградите.
5. Предлог-одлука за донесување на Изменување и дополнување на Генералниот урбанистички план за Велес, УЕ2, УБ12 – Општина Велес, плански период 2012-2022 година.
Постапката за изготвување на Изменување и дополнување на Генерален урбанистички план за град Велес за месноста Речани, е покрената на инцијатива на Општина Велес. Планот е влезен во приоритетна програма за изработка на урбанистички планови. Барањата се однесуваат на дооформување на сообраќајната мрежа со примарни сообраќајници, зголемување на планскиот опфат на ГУП на град Велес, односно проширување на градежниот опфат на градот. Целта на овие измени и дополнувања е во планската документација да се вметнат потребните содржини со намена за производство, дистрибуција и сервиси, како и за домување во станбени куќи на неизградените површини. Оправданоста на планскиот концепт произлегува од реалната состојба на објектите на теренот, планските одредби од претходните проекти, споредени со решенијата кои се предвидени во овој план. Инаку промената на Генералниот урбанистички план беше претходно одобрена и од Министерството за транспорт и врски.
6. Предлог-одлука за за утврдување на надоместок на трошоци за избори на организаторите на изборната кампања чии кандидати се избрани за членови на Советот на Општина Велес и за Градоначалник на Општина Велес на локалните избори одржани во 2013 година.
Врз основа на изборниот законик и врз основа на Статутот на Општина Велес советот е надлежен за утврдување на надоместокот на трошоци за избори на организаторите на изборната кампања чии кандидати се избрани за членови на Советот на Општина Велес и за Градоначалник на Општина Велес на локалните избори во 2013 година.
Инаку по спроведените локални избори, двете коалиции чии кандидати беа избрани од страна на граѓаните, во законски предвидените рокови доставија извештаи за трошоците што се однесуваат на изборната кампања по што Советот со одлука треба да го утврди и износот кој ќе им биде исплатен на политичкте партии од Буџетот на Општина Велес.
7. Предлог-програма за изменување и дополнување на Програмата за уредување на градежно земјиште и заштита на животната средина на просторот на Општина Велес за 2013 година.
8. Предлог-програма за изменување и дополнување на Програмата за активностите на Општина Велес во областа на културата во 2013 година.
9. Предлог-програма за изменување и дополнување на Програмата за активностите на Општина Велес во областа на образованието во 2013 година.
10. Предлог-програма за изменување и дополнување на Програмата за активностите на Општина Велес за поддршка на граѓанскиот сектор во 2013 година.
11. Предлог-програма за изменување и дополнување на Програмата за активностите на Општина Велес во областа на социјална и здравствена заштита во 2013 година.
12. Предлог-програма за изменување и дополнување на Програмата за активностите на Општина Велес во областа на локалниот економски развој (ЛЕР) и развојот на информатичката технологија (ИТ) во 2013 година.
13. Предлог-програма за изменување и дополнување на Програмата за активностите на Општина Велес во областа на меѓународната соработка во 2013 година.
Измените и дополнувањата на Програмите за 2013 година во најголем дел се должат на потребата од порамнување на планираните и реализираните средства на веќе завршените активности, како и реална проценка на потребните средства за работа до крајот на оваа календарска година. Исто така овие измени и дополнувања произлегуваат и од потребата за усогласување со динамиката на прилив на средства во Буџетот на Општина Велес.
14. Предлог-решение за именување на членови на Комисија за избор на добитник на актерска награда за животно дело „Петре Прличко“.
Согласно одлуката за востановување на актерска награда за животно дело „Петре Прличко”, потребно е Советот на Општина Велес да ги именува членовите на Комисијата за избор на добитник на оваа актерска награда. Комисијата бори 3-ца членови, од кои еден е на предлог на Општина Велес, а останатите 2-ца се на Народниот театар „ЈКХ Џинот” и Здружениоето на драмски уметници на Република Македонија „Џинот”. Членовита на Комисијата потребно е да бидат стручни лица од областа на театарската уметност.
15. Решение за прифаќање на Иницијатива за Изменување и дополнување на детален урбанистички план за Централно градско подрачје, Локалитет Б, Општина Велес.
16. Решение за прифаќање на Иницијатива за Изменување и дополнување на детален урбанистички план за УЕ9, дел од УБ47 дел од ул.„Ордан Џинот“, ул.„Стеван Богоев“ и КП9804 КО Велес Општина Велес.
17. Решение за прифаќање на Иницијатива за Изменување и дополнување на Детален урбанистички план помеѓу улиците Сараевска и Љубљанска, КО Велес, Општина Велес.
18. Решение за прифаќање на Иницијатива за Изменување и дополнување на детален урбанистички план за МЗ 9ти Ноември, Општина Велес.
Со овие 4 предлог-точки на дневниот ред од 11-тата седница се предвидува прифаќање на иницијативите за измена и дополнување на детални урбанистички планови, а поднесени од страна на граѓани на Општина Велес.
Изработката на целокупната планска докуметација ќе се врши со финансирање од страна на подносителите на иницијативите. Со 4 од овие измени и дополнувања на деталните урбанистички планоци се предвидуваат површини за градење со намена домување а со една иницијатива се врши корекција на патната инфраструктура во однос на веќе изградени објекти.
19. Советнички прашања
Согласно со деловникот за работа на Советот на Општина Велес, градоначалникот на Општина Велес пред советниците е должен да одговори на прашањата кои тие ги имаат, а кои се во интерес на потребите на сите граѓани од Општина Велес.
Со тоа е исцрпен и предложениот дневен ред за 11-тата седница на Советот на Општина.
Седниците на соодветните комисии надлежни за разгледување на точките од дневниот ред се свикани и ќе се одржат на ден 01.11.2013 година (петок), додека Комисијата за општествени дејности седница ќе одржи на 04.11.2013 година (понеделник).
Ви благодарам!