
Претседателот на Советот на Општина Велес, Александар Колев ја информира јавноста дека денес 04.11.2016 година (петок) во просториите на Општина Велес со почеток во 11:00 часот, Советот на Општина Велес ќе ја одржи 59-тата седница.
За 59-тата седница на Советот предложен е следниот дневен ред:
1. Советнички прашања.
Согласно Деловникот за работа на Советот на Општина Велес, Градоначалникот на Општина Велес пред советниците е должен да одговори на прашањата кои тие ги имаат, а кои се во интерес на потребите на сите граѓани од Општина Велес.
2. Предлог-одлука за доделување на 9-то Ноемвриските награди и признанија на Општина Велес за 2016 година.
3. Предлог-одлука за доделување на награда за животно дело „Гемиџии“ за 2016 година.
4. Предлог-одлука за доделување на награда за најстудент „Професор д-р Ѓорѓи Шоптрајанов“ за 2016 година
На 59-тата седница Советниците ќе одлучат кој ќе ги добие 9-то Ноемвриските награди на Општина Велес. Како и претходните години и оваа година ќе се доделат награди за животни дело „Гемиџии“, за најстудент проф.д-р Ѓорѓи Шоптрајанов, спомен плакети, благодарници и пофалници за граѓани, институции, организации кои во овој период имаат забележано домашен и меѓународен успех со што продонеле за промоција на Општина Велес.
5. Предлог-програма за зимско одржување на локални патишта и улици на подрачјето на Општина Велес за сезоната 2016/2017 година.
Со оваа Програма се уредуваат работите за зимското одржување на локалните патишта и улиците, делниците од магистралните и регионалните патишта кои минуваат низ населените места, а се изградени како улици, како и работите за одржување на комуналните објекти, тротоарите (и велосипедските патеки) на подрачјето на Општина Велес за сезоната 2016/2017 година.
Јавни патишта на подрачјето на Општина Велес се локалните патишта и улиците.Во
улици.спаѓаат и делниците од магистралните и регионалните патишта коипоминуваат низнаселените места како изградени улици.
6. Предлог-програма за изменување и дополнување на Програмата за активностите на Општина Велес во областа на спортот во 2016 година.
Градскиот Градски ракометен клуб „Борец“ АД Велес ја оправда довербата
што му беше дадена и успеа да опстои во Македонската супер лига иако има
најнизок буџет од сите клубови. Меѓутоа за да го задржи рангот во кој се
натпреварува со екипи кои во своите редови имаат скапо платени играчи, мора да
преземе мерки со кои ќе го подобри квалитетот и професионалноста на екипата.
Од тие причини неопходно е да се зголеми и буџетот на Клубот.
Овие средства во висина од 800.000 денари се доволни за работа на Клубот
во оваа календарска година.
Ставката од која се обезбедуваат овие средства е исто така од Програмата
за спорт и намалената сума нема да ја доведе во прашање нејзината реализација.
Поточно, за реконструкцијата на Градскиот стадион се очекува да се добие грант и
затоа до денес не се започнати активностите на оваа позиција. Што значи,
намалувањето на ставката од 800.000 денара нема да го доведе во прашање
реализирањето на оваа инвестиција доколку се добие грантот до крајот на
годината, затоа што нашето учество ќе биде помало од средствата што се
останати на располагање.
7. Нацрт-програма за уредување на градежно земјиште на просторот на Општина Велес за 2017 година.
Програмата за уредување на градежно земјиште на просторот на Општина Велес за
2017 година е изготвена како резултат и во согласност со законските прописи што ја
регулираат оваа материја, а исто така и како резултат на актуелните потреби и барања од граѓаните, месните и урбаните заедници утврдени како приоритет.
Оваа година акцент се става на реализација на некои приоритетни проекти со кои ке
се овозможи драстично подобрување на комплетната инфраструктура во индустриските зони, градот и во населените места и тоа: Изградба на инфраструктура во Индустриските зони;Решавање на проблемите на микро план, изградба на улици, потпорни ѕидови, поставување на ракохвати и огради по барање на граѓаните надвор од централното градско подрачје. Уредување на партери пред колективни станбени згради со обезбедување на паркинзи, озеленување и обезбедување простор за
одмор и игра за деца. Ова ке овозможи секоj неуреден простор од градот да се уреди и да претставува пријатно катче во кое граѓаните ќе имаат можност да се чувствуваат релаксирано. Истовремено и степенот на уреденост на градежното земјиште ќе биде на повисоко ниво со поголема вредност. Изградба и одржување на улици, тротоари и локални патишта. Решавање на проблемот со атмосферската канализација, доградба и
надградба на постоечката. Решавање на проблемот со паркирање.
8. Нацрт-програма за изработка на урбанистички планови во Општина Велес за 2017 година.
Планирани за изработка се 14 Детални Урбанистички планови и 11 Општи акти за населени места надвор од градската средина. Со донесувањето на оваа Одлука ќе се определи планскиот опфат на селатасо што ќе се задоволи потребата на граѓаните за барање за одобренија наградење. Планскиот опфат ќе значи дека овој простор се формира какоземјиште за градба и ќе се олесни постапката за издавање на одобренија за градење како и ќе се забрза процесот на легализација на бесправно изградените објекти.
9. Нацрт-програма за активностите на Општина Велес во областа на заштитата и спасувањето, противпожарната заштита и управувањето со кризи во 2017 година.
Програмата за активностите на Општина Велес во областа на заштитата и спасувањето, управувањето со кризи и противпожарната заштита во 2017 година се движи во рамките на реалните потреби поткрепени со историските трошоци од минатите години. Од Буџетот на Општина Велес се обезбедуваат средствата за финансирање на тековните оперативни активности, набавка на противпожарна опрема и осовременувањена единицата, односно подобрување на условите за работа, комуналните услуги, поправките и тековното одржување на ПП возилата, набавка на ПП униформи, лекарски прегледи за вработените, реконструкција и санација на зградите, поддршката за учество на вработените во професионалната противпожарна единица и др.
Во расходниот дел планирани се трошоците врз основа на историските трошоци закомунални услуги, греење, комуникација и транспорт, поправки и тековно одржување навозилата и објектите. Планирание се средствата за набавка на заштитна и техничкаопрема и ПП униформи, поради потребата од нејзино обновување. Планирани се средствата за реконструкција и одржување на ПП зградата. Предвидени се средства за набавка на опрема потребна при појава на поплави.
10. Нацрт-програма за активностите на Општина Велес во областа на локалниот економски развој во 2017 година.
Програмата за активностите на Општина Велес во областа на локалниот
економски развој за 2017 година претставува континуитет во реализацијата на
приоритетите за динамичен локален економски развој на Општина Велес. Динамиката на проектите во текот на 2017 година ќе зависи од одобрувањето на апликациите од домашните и меѓународните фондови
11. Нацрт-програма за активностите на Општина Велес во областа на информатичката технологија (ИТ) во 2017 година.
Активностите наведени во програмата на Општина Велес во областа на
информатичката технологија (ИТ) во 2017 година треба да овозможат
непрекината работа на Информатичкиот систем кој го поседува општината.
Согласно трендот на зголемување на користењето на ИКТ во секојдневното
работење како основно средство за работа се јавува потребата за
континуирано проширување и надградба на информатичкиот систем.
Генерално, наведените активности се продолжување на започнатите
активности во претходната година и континуирани секојдневни активности
во зависност од тековните потреби.
Надградбата на серверските платформи, како и миграцијата и надградба на нови
верзии на целиот информатички систем е започната и ќе трае и во текот на
наредната година. Во однос на безбедноста на информатичкиот систем во текот на
2016 година, општината набави солидно корпорациско антивирусно решение, но
поради секојдневните и нови закани во ИТ светот и во наредната година ќе се
посвети посебно внимание на оваа тема. Во 2017 година е планирана
имплементација на Географско информациски систем, како продолжување на
активностите од 2016 година. Иако во програмата не е наведено како посебна
ставка, општината планира активности согласно националната рамка за
интероперабилност и отворени податоци. Тековно, е планирано и обновување на
застарениот хардвер и софтвер кој се користи.
Бидејќи се работи за нацрт верзија на програмата за активностите на Општина
Велес во областа на информатичката технологија (ИТ) во 2017 година, од
забелешките кои ќе произлезат во фазата на донесување на истата ќе се направат
соодветни измени.
12. Нацрт-програма за активностите на Општина Велес во областа на заштитата на животната средина во 2017 година.
Во Програмата за заштита на животната средина се предвидени законски
утврдените активности во делот на планирањето, проектирањето и директните
мерки кои треба да се превземат.
Главен акцент е даден на активностите околу управувањето со отпадот
како директна надлежност на општината согласно Планот за управување со
отпад во Општина Велес.
Во Програмата се предвидуваат активности на зголемување на зелените
површини во општината заради амортизација на загадувањето на воздухот,
како и изготвување на стратешки документи за квалитет на амбиенталниот
воздух кои ќе ги детерминираат главните извори на загадување на воздухот и
мерките кои треба да се превземат. Оваа Програма предвидува проекти во насока на одржлив развој на локалната заедница и почиста животна средина.
13. Нацрт-програма за активностите на Општина Велес во областа на културата во 2017 година.
14. Нацрт-програма за активностите на Општина Велес во областа на образованието во 2017 година.
15. Нацрт-програма за активностите на Општина Велес во областа на социјалната заштита во 2017 година.
16. Нацрт-програма за активностите на Општина Велес во областа на здравствената заштита во 2017 година.
17. Нацрт-програма за активностите на Општина Велес во областа на спортот во 2017 година.
18. Нацрт-програма за активностите на Општина Велес за поддршка на младите во 2017 година
19. Нацрт-програма за активностите на Општина Велес за поддршка на граѓанскиот сектор во 2017 година.
20. Нацрт-програма за активностите на Општина Велес во областа на промоција и комуникација со јавноста и меѓународна соработка во 2017 година.
Нацрт-програмата за активностите на Општина Велес во областа на културата, социјалната заштита, здравствената заштита, спортот,поддршката за младите граѓанскиот сектор, комуникацијата со јавноста и меѓународната соработка во 2017 година претставуваат континуитет од Програмите за 2016 година. Нацрт-документот е првично планирање на активностите во оваа област, а конечната Предлог-програма ќе ги содржи во себе сите забелешки, сугестии и насоки што ќе произлазат од Советот на Општина Велес и јавните расправи со институциите, граѓанските организации и месните и урбани заедници.
Со последната 20-та точка, е исцрпен предложениот дневен ред за 59-та седница на Советот на Општина Велес.