Претседателот на Советот на Општина Велес, Александар Колев ја информира јавноста дека денес 14.03.2017 година (вторник) во просториите на Општина Велес со почеток во 12:00 часот, Советот на Општина Велес ќе ја одржи 65-тата седница.
За 65-та седница на Советот предложен е следниот дневен ред:
1. Завршна сметка на Буџетот на Општина Велес за 2016 година.
2. Годишен извештај за работењето на Општина Велес за 2016 година.
Врз основа на Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа, Законот за локалната самоуправа и Статутот на Општина Велес, Советот треба да ги разгледа и да се произнесе по однос на овие два значајни документи за работењето на локалната самоуправа во изминатата година. Од годишниот извештај и од завршната сметка на Општина Велес за 2015 година, може да се заклучи дека локалната самоуправа безрезервно опстојува на својата зацртана визија и мисија за развој и искорисување на сите ресурси и капацитети на општината, со што би се овозможило поквалитетен живот на сите нејзини граѓани.
3. Предлог-одлука за утврдување на потреба за донесување на урбанистичко планска документација со која ќе се изврши проширување на планскиот опфат и вклопување на бесправните објекти изградени во КО Велес.
До Општина Велес поднесени се голем број на барања за утврдување на правен статус на бесправни објекти изградени на катастарски парцели кои се наоѓаат вон границите на важечкиот Генерален урбанистички план на град Велес. Со цел непречено да се продолжи постапката за утврдување на правен статус на овие бесправно изградени објекти (кои несомнено се изградени пред многу години) и поефикасно да се заврши постапката во пресрет на граѓаните, потребно е да биде извршено проширување на планскиот опфат. На овој начин голем дел од започнатите постапки би се завршиле и барателите ќе добијат Решенија за утврдување на правен статус. Наведените катастарски парцели се однесуваат за објекти поднесени од две лица.
4. Предлог-одлука за усвојување на Локален акциски план за родова еднаквост 2017-2020 година, со оперативен план за родова еднаквост за 2017 година.
Локалниот акциски план за родова еднаквост на Општина Велес за периодот 2017-2020 година претставува стратешки документ за идентификувани потреби, решенија, цели и приоритети кои Општина Велес си ги поставува пред себе со цел градење култура на еднакви можности и промоција на еднаков третман и недискриминација врз основа на пол.
5. Предлог-програма за реконструкција и подигнување на нови зелени површини на територијата на Општина Велес за 2017 година.
Програмата за подигнување зелени површини е насочена кон зголемување на зеленилото преку подигање на зелени површини на територијата на општината. Основна цел е да се утврди видот и површината на зеленилото кое ќе биде подигнато, динамиката и процентот на озеленување. Исто така во програма се определени изворот на обезбедување и висината на финасиските средства за реализација.
6. Извештај за работењето и резултати по завршната сметка во 2016- та година на ЈКП „Дервен“Велес.
Преку овој извештај е прикажано работењето на ЈКП ДЕРВЕН во текот на 2016 година и истиот ги содржи основните податоци за работењето преку остварениот физички обем на производство и услуги и финансиските показатели. Членовите на Надзорниот одбор за контрола на материјално и финасиско работење на претпријатието по разгледување на овој извештај констатираше ЈКП Дервен во наведениот период покажува позитивно работење и и има остварено добивка.
7. Годишен Извештај за реализација на Програмата за одржување на јавната чистота на Општина Велес за 2016 година
Одделението за комунална хигиена во 2016 година ја реализаираше Програмата за одржување на јавната чистота на Општина Велес. Извештајот покажува дека сите предвидени активности во целост се реализирани. Јавната чистоте е реализирана на површина од 13.165.968 м2.
8. Извештај за работата на Советот на млади на Општина Велес за 2016 година.
Во минатата година Советот на млади за прв пат започна да реализира програма за работа усвоена на седница на Советот на млади. Преку неа се рализирани многу проекти кои значат поголема вклученост на младите во локалната политика.Посебно вминание се посветува на стратегијата за млади, која е во согласност со Националната стратегија изработена од Советот на млади ,повеќе релевантни институции, невладини организации.
9. Извештај за работа на Локалниот совет за превенција од детско престапништво за 2016 година.
Врз осноба на член 5 од деловникот за работа Локалниот совет за превенција од детско престапнштво за својата работа тие го известуваат Советот на Општина Велес и Државниот совет за заштита од детско престапништво. Во извештајот се детално опишани сите активности и проекти кои се реализрале во 2016 година за да се подобри состојбата на ова поле во градот.
10. Предлог-решение за давање согласност на Годишниот план за вработување во ОЈУДГ „ДимчеМирчев“ Велес за 2017 година.
Од страна на ОЈУДГ „Димче Мирчев“ Велес доставена е Одлука за донесување на Годишен план за вработување донесена од Управниот одбор на детската градинка. Согласно Законот за Законот за вработените во јавниот сектор е регулирано дека органите надлежни за буџетот на институцијата се должни да дадат согласност, односно да дадат забелешки во однос на планот најдоцна во рок од еден месец од приемот на барањето. Согласно ова се предлага вака изготвеното предлог Решение до Советот.
11. Предлог-решение за разрешување член на Совет на млади на Општина Велес.
Од Советот на Млади на Општина Велес до Советот на Општина Велес пристигна допис со кој известуваат дека еден од членовите има повеќе од 5 ненајвени отсуства што е причина за негово разрешување согласно Деловникот за работа на Советот на млади.
12. Годишен финансов извештај за работата и завршна сметка на Локалната библиотека „Гоце Делчев“ Велес за 2016 година.
13. Годишен финансов извештај за работата и завршна сметка на Локалната установа „Народен музеј“ Велес за 2016 година.
14. Годишен извештај за работата и завршна сметка на Општинската јавна установа за деца Детска градинка „Димче Мирчев“ Велес за 2016 година.
15. Годишен извештај за работата и завршна сметка на Средното општинско училиште Гимназија „Кочо Рацин“ Велес за 2016 година.
16. Годишен извештај за работата и завршна сметка на Средното општинско училиште „Јовче Тесличков“ Велес за 2016 година.
17. Годишен извештај за работата и завршна сметка на Средното стручно општинско училиште „Димитрија Чуповски“ Велес за 2016 година.
18. Годишен извештај за работата и завршна сметка на Средното општинско училиште „Коле Неделковски“ Велес за 2016 година.
19. Годишен извештај за работата и завршна сметка на Општинското основно училиште „Васил Главинов“ Велес за 2016 година.
20. Годишен извештај за работата и завршна сметка на Општинското основно училиште „Благој Кирков “ Велес за 2016 година.
21. Годишен извештај за работата и завршна сметка на Општинското основно училиште „Св.Кирил и Методиј“ Велес за 2016 година.
22. Годишен извештај за работата и завршна сметка на Општинското основно училиште „Блаже Конески“ Велес за 2016 година.
23. Годишен извештај за работата и завршна сметка на Општинското основно училиште „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ Велес за 2016 година.
24. Годишен извештај за работата и завршна сметка на Општинското основно училиште „Рајко Жинзифов“ Велес за 2016 година.
25. Годишен извештај за работата и завршна сметка на Општинското основно училиште „Стојан Бурчевски - Буридан“ Велес за 2016 година.
26. Годишен извештај за работата и завршна сметка на Општинското основно музичко училиште „Стефан Гајдов“ Велес за 2016 година.
Од 12-тата до 26-тата точка на дневениот ред се наоѓаат годишните извештаи за работата и завршнте сметки на институциите каде што Советот на Општина Велес се појавува како основач. Годишните извештаи за работата на овие институции претставуваат синтетизиран приказ на постигањата, извршените работи и работни задачи на вработените, стручните служби и раководните тимови. Во согласност со законските прописи, Советот на Општина Велес е должен да ги разгледа и да се произнесе по однос на годишните извештаи
27. Информација за работа на Полициската станица Велес за 2016 година
Согласно Законот за полиција, а врз основа на извршените работи и задачи од страна на ПС Велес во текот на 2016 година до Советот на Општина Велес доставена е информација за извршените работи и задачи на полициската станица Велес за периодот Јануари-Декември 2016 година. Советниците на 65-та седница, ќе ја разгледаат оваа информација
Со последната 27-ма точка, е исцрпен предложениот дневен ред за 65-та седница на Советот на Општина Велес.