Претседателот на Советот на Општина Велес, Александар Колев ја информира јавноста дека денес 27.03.2017 година (понеделник) во просториите на Општина Велес со почеток во 13:00 часот, Советот на Општина Велес ќе ја одржи 66-тата седница.
За 66-та седница на Советот предложен е следниот дневен ред:
1.Предлог-одлука за ослободување од плаќање на сметките за вода и комуналии на социјално загрозени семејства
До Општина Велес често пристигнуваат барања за ослободување од плаќање на сметките за вода и комуналии од социјално загрозени семејства. Со цел да се помогне на овие семејства се предлага донесување на оваа одлука, каде што е предвидена временската рамка и условите на ослободување.
2.Годишен Извештај за работа на Центарот за развој на Вардарски плански регион за 2016 година
Годишниот извештај за работа на Центарот за развој на Вардарскиот плански регион претставува обврска која произлегува од Законот на рамномерн регионален развој. Овој документ Центарот е обврзан да го достави до сите единици на локална самоуправа кои се во составот на Вардарскиот плански регион. Во текот на 2016 година ЦРВПР работеше на имплементација на седум проекти. Сите се финасирани од Министерството за локална самоуправа преку Бирото за регионален развој.
3.Годишен Извештај за спроведување на Програмата за развој на Вардарски плански регион за 2016 година
Во текот на 2016 година Центарот за развој на Вардарскиот плански регион работеше на имплементација на проектите согласно усвоената листа на предлог проекти утврдени по приоритет за развој на регионот од страна на Советот за развој на ВПР. Проектите од листата се изготвени согласно стратешките плански документи, Националната стратегија за регионален развој, Програмата за развој на ВПР и Приоритетите на Регионалниот развој во периодот 2015-2019.
4.Предлог-решение за распределба на финансиски средства за поддршка на квалитетен спорт во Општина Велес за 2017 година
Средствата што се распределуваат со ова Решение се наменети за обезбедување средства за надомест за користење на спортските објекти за да можат сите клубови од градот, во сите спортови, да имаат подеднакви услови за тренинг. Истото се однесува и за поддршката што општината ја дава на младинските и кадетските екипи. Средствата се предвидени во Програма за активностите во областа на спортот за 2017 година, а се распределуваат по доставениот предлог од Сојуз на спортови.
5.Предлог-решение за давање согласност на Одлука за усвојување на ценовник за користење на салата Бели мугри и медиотеката на Локалната библиотека „Гоце Делчев“ Велес
Од страна на Директорот на Локалната библиотека „Гоце Делчев“ Велес до Советот доставено е барање за ставање на точка на дневен ред за донесување на Одлука за усвојување на ценовник за користење на салата Бели мугри и медиотеката на Локалната библиотека „Гоце Делчев“ Велес која е донесена од страна на Управниот одбор. Во прилог на барањето доставен е Ценовник за користење на сала „Бели Мугри“ и Ценовник за користење на медиотека.
6.Предлог-решение за давање согласност на Одлука за расходување на основни средства и ситен инвентар на ОСУ „Јовче Тесличков“ Велес
До Советот на Општина Велес беше испратен допис од страна на директорката на ОСУ „Јовче Тесличков“ со барање за расходување на основни средства и ситен инвентар. Согласно барањето и доставените пропратни документи, изработено е предложеното Решение за давање на согласност.
7.Предлог-решение за разрешување и именување претседател и членови на Организациониот одбор на Културната манифестација Интернационален фолклорен фестивал „Велес“.
Согласно донесениот Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за начинот и постапката за реализирање на Културната манифестација Интернационален фолклорен фестивал „Велес“ Велес, до фолклорните ансамбли и културно уметничките друштва доставен е допис за доставување предлози за членови на Организациониот одбор за ИФФ. Врз основа на доставените предлози Комисијата за мандатни прашања избори и именувања до Советот ќе достави Извештај со предлог за претседател и членови на ОО на ИФФ.
8.Предлог-решение за разрешување и именување член на Општинскиот совет за превенција од детско престапништво.
Од Директорката на ООУ „Стојан Бурчевски-Буридан“ пристигна предмет со барање за разрешување на досегашниот член во Општинскиот совет за превенција на детско претстапништво на Општина Велес и даден е предлог за нов член од оваа институција за член во овој Совет.
Со последната 8-ма точка, е исцрпен предложениот дневен ред за 66-та седница на Советот на Општина Велес.