Дневен ред на 52 седница на Советот на Општина Велес

Република Македонија
Совет на Општина Велес
Број 0701- 3550/1
24.08.2007 година
Велес

Врз основа на член 39, став 2 од Законот за локалната сaмоуправа („Службен весник на РМ" бр.5/02) и член 18, став 3 од Статутот на Општина Велес („Службен гласник на Општина Велес" бр.12/06), донесувам

РЕШЕНИЕ
за свикување на 52-та седница на Советот на Општина Велес


Седницата ќе се одржи на ден 31.08.2007 година (петок) во просториите на Општина Велес со почеток во 10.оо часот.

Усвојување на записници од 50 седница на Советот на Општина Велес
Усвојување на записници од 51 седница на Советот на Општина Велес

За седницата го предлагам следниот

ДНЕВЕН РЕД
за 52-та седница на Советот на Општина Велес


1.Квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Велес за први и втори квартал 2007 година.
2.Предлог – одлука за формирање на Центар за развој на Вардарски плански регион.
3.Предлог-одлука за измена и дополнување на Одлуката за донесување на Детален урбанистички план за „ Тунел 2“, УЕ 12, дел од блок 58 и дел од блок 59-Велес.
4.Предлог -програма за измена и дополнување на Програмата за уредување на градежно земјиште и заштита на животната средина на просторот на Општина Велес за 2007 година
5.Предлог -програма за измена и дополнување на Програмата за активностите на Општина Велес во областа на образованието за 2007 година
6.Предлог -програма за измена и дополнување на Програмата за активностите на Општина Велес во областа на култура за 2007 и 2008 година.
7.Предлог -програма за измена и дополнување на Програмата за активностите на Општина Велес во областа на заштитата и спасувањето и противпожарната заштита за 2007 година.
8.Предлог -програма за измена и дополнување на Програмата за активностите на Општина Велес во областа на Локалниот економски развој (ЛЕР) за 2007 година.
9.Предлог- решение за именување командант на Штабот за заштита и спасување.
10.Годишен извештај за воспитно-образовната работа на ООУ „Благој Кирков“ за учебната 2006/2007 година.
11.Извештај за работењето во првото полугодие од 2007 година на ЈКП „Дервен“
12.Извештај за работата на ЈПССО „Парк –спорт“ Велес за периодот од 1.01.2007 до 30.06.2007 година.
13.Советнички прашања.

Со почит,
ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Советот на Општина Велес
Трајко Бабунски с,р.