Дневен ред на 53 седница на Советот на Општина Велес

Република Македонија
Совет на Општина Велес
Број 0701- 3845/1
13.09.2007 година
Велес

Врз основа на член 39, став 2 од Законот за локалната сaмоуправа („Службен весник на РМ" бр.5/02) и член 18, став 3 од Статутот на Општина Велес („Службен
гласник на Општина Велес" бр.12/06), донесувам

РЕШЕНИЕ
за свикување на 53-та седница на Советот на Општина Велес


Седницата ќе се одржи на ден 18.09.2007 година (вторник) во просториите на Општина Велес со почеток во 11.оо часот.
За седницата го предлагам следниот

ДНЕВЕН РЕД
за 53-та седница на Советот на Општина Велес


1.Предлог - одлука за одржување на спомениците и спомен обележјата на територијата на Општина Велес.
2.Предлог - одлука за измена и дополнување на Одлуката за авто такси превоз на патници во Општина Велес
3.Предлог - програма за измена и дополнување на Програмата за уредување на градежно земјиште и заштита на животната средина на просторот на Општина Велес за 2007 година.
4.Предлог - програма за измена и дополнување на Програмата за активностите на Општина Велес во областа на култура за 2007 и 2008 година.
5.Предлог - програма за измена и дополнување на Програмата за активностите на Општина Велес во областа на образовaнието за 2007 година.
6.Предлог - програма за измена и дополнување на Програмата за активностите на Општина Велес во областа на социјалната заштита за 2007 година.
7.Предлог - програма за измена и дополнување на Програмата за активностите на Општина Велес во областа на Локалниот економски развој (ЛЕР) за 2007 година.
8.Предлог - програма за измена и дополнување на Програмата за активностите на Општина Велес во областа на заштитата и спасувањето и противпожарната заштита за 2007 година.
9.Предлог - решение за именување претседател и членови на Комисија за спроведување на постапката за издавање под закуп на простор сопственост на Општина Велес за с.Иванковци.

Со почит,

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Советот на Општина Велес
Трајко Бабунски с,р.