Предлог дневен ред за 4-та седница на Советот на Општина Велес

Република Македонија
Совет на Општина Велес
Број 25-4755/1
07.11.2017 година
Велес

Врз основа на член 39, став 2 од Законот за локалната сaмоуправа („Службен весник на РМ" бр.5/02) и член 18, став 3 од Статутот на Општина („Службен гласник на Општина Велес" бр.12/06, 03/09, 18/10 и 15/14), донесувам

Р Е Ш Е Н И Е
за свикување на 4 - та седница на Советот на Општина Велес

Седницата ќе се одржи на ден 14.11.2017 година (вторник) во просториите на Општина Велес со почеток во 10:00 часот.

За седницата го предлагам следниот

Д Н Е В Е Н Р Е Д

1. Предлог-програма за уредување на градежно земјиште на просторот на Општина Велес за 2018 година.
2. Предлог-програма за изработка на урбанистички планови во Општина Велес за 2018 година.
3. Предлог-програма за активностите на Општина Велес во областа на заштитата и спасувањето, противпожарната заштита и управувањето со кризи во 2018 година.
4. Предлог-програма за активностите на Општина Велес во областа на локалниот економски развој во 2018 година.
5. Предлог-програма за активностите на Општина Велес во областа на информатичката технологија (ИТ) во 2018 година.
6. Предлог-програма за активностите на Општина Велес во областа на заштитата на животната средина во 2018 година.
7. Предлог-програма за активностите на Општина Велес во областа на културата во 2018 година.
8. Предлог-програма за активностите на Општина Велес во областа на образованието во 2018 година.
9. Предлог-програма за активностите на Општина Велес во областа на социјалната заштита во 2018 година.
10. Предлог-програма за активностите на Општина Велес во областа на здравствената заштита во 2018 година.
11. Предлог-програма за активностите на Општина Велес во областа на спортот во 2018 година.
12. Предлог-програма за активностите на Општина Велес за поддршка на младите во 2018 година
13. Предлог-програма за активностите на Општина Велес за поддршка на граѓанскиот сектор во 2018 година.
14. Предлог-програма за активностите на Општина Велес во областа на промоција и комуникација со јавноста и меѓународна соработка во 2018 година.

Со почит,
ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Советот на Општина Велес
М-р Душко Петров