Република Македонија
Совет на Општина Велес
Број 25-4638/1
31.10.2017 година
Велес
Врз основа на член 39, став 2 од Законот за локалната сaмоуправа („Службен весник на РМ" бр.5/02) и член 18, став 3 од Статутот на Општина Велес („Службен гласник на Општина Велес" бр.12/06, 03/09, 18/10 и 15/14), донесувам
Р Е Ш Е Н И Е
за свикување на 3-та седница на Советотна Општина Велес
Седницата ќе се одржи на ден 07.11.2017 година (вторник) во просториите на
Општина Велес со почеток во 10:00 часот.
За седницата го предлагам следниот
Д Н Е В Е Н Р Е Д
1. Квартален извештај за извештајниот период (кумулативно) за квартал од 01.01.2017 год.до 30.09.2017 год.
2. Предлог - одлука за доделување на 9 - то Ноемвриските награди и признанија на Општина Велес за 2017 година.
3. Предлог-одлука за доделување на награда за животно дело „Гемиџии“ за 2017година.
4. Предлог-одлука за престанок на важноста на Одлука за делегирање надлежности на физичко лице во канцеларијата на Општина Велес во с. Горно Оризари.
5. Предлог-одлука за престанок на важноста на Одлука за делегирање надлежност на физичко лице во канцелариите на Општина Велес во с.Иванковци и с. Бузалково.
6. Предлог-решение за именување членови во Советот за јавно здравје за подрачјето на Општина Велес.
7. Предлог-решение за именување на преставник од Општина Велес за член на Управниот одбор во ЈУ Меѓуопштинскиот центар за социјална работа.
8. Предлог-решение за разрешување и именување преставник на Општина Велес за член во Училишен одбор на Општинското основно училиште „Васил Главинов“ Велес.
9. Предлог-решение за давање согласност за расходовање на основни средства и ситен инвентар на ООУ „Св. Кирил и Методиј“.
Со почит,
ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Советот на Општина Велес
м-р Душко Петров с.р.