Предлог дневен ред за 5-та седница на Советот на Општина Велес

Република Македонија
Совет на Општина Велес
Број 25-4952/1
20.11.2017 година
Велес
Врз основа на член 39, став 2 од Законот за локалната сaмоуправа („Службен весник на РМ" бр.5/02) и член 18, став 3 од Статутот на Општина („Службен гласник на Општина Велес" бр.12/06, 03/09, 18/10 и 15/14), донесувам

Р Е Ш Е Н И Е
за свикување на 5- та седница на Советот на Општина Велес

Седницата ќе се одржи на ден 27.11.2017 година (понеделник) во просториите на Општина Велес со почеток во 11:00 часот.

-Усвојување на записник од 1-ва (конститутивна) седница на Советот на Општина Велес.
-Усвојување на записник од 3-та седница на Советот на Општина Велес.
-Усвојување на записник од 4-та седница на Советот на Општина Велес.

За седницата го предлагам следниот

Д Н Е В Е Н Р Е Д

1. Предлог-одлука за усвојување на План за квалитет на амбиентниот воздух на територијата на Општина Велес (2018-2022).
2. Информација за состојбата со водоводните системи во неселените места во Општина Велес.
3. Предлог-програма за зимско одржување на локални патишта и улици на подрачјето на Општина Велес за сезоната 2016/2017година.
4. Предлог –програма за обележување за годишнини на значајни настани и личности за 2018година.

Со почит,
ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Советот на Општина Велес
м-р Душко Петров