Република Македонија
Совет на Општина Велес
Број 25-5221/1
05.12.2017 година
Велес
Врз основа на член 39, став 2 од Законот за локалната сaмоуправа („Службен весник на РМ" бр.5/02) и член 18, став 3 од Статутот на Општина („Службен гласник на Општина Велес" бр.12/06, 03/09, 18/10 и 15/14), донесувам
Р Е Ш Е Н И Е
за свикување на 6- та седница на Советот на Општина Велес
Седницата ќе се одржи на ден 12.12.2017 година (вторник) во просториите на Општина Велес со почеток во 11:00 часот.
-Усвојување на записник од 2-та седница на Советот на Општина Велес.
-Усвојување на записник од 5 -та седница на Советот на Општина Велес.
За седницата го предлагам следниот
Д Н Е В Е Н Р Е Д
1. Нацрт –Буџет на Општина Велес за 2018година.
2. Предлог-одлука за донесување на измена и дополнување на Детален урбанистички план за дел од Велес, локалитет - дел од урбана единица 7 Алексо Демниевски - дел од урбан блок 38 - Општина Велес
3. Предлог-програма за изменување и дополнување на Програмата за изработка на Урбанистички планови во Општина Велес за 2018 година.
4. Предлог-програма за за работа во областа на располагањето со градежно земјиште во сопственост на Република Македонија на подрачјето на Општина Велес за 2018 година.
5. Предлог-програма за изменување и дополнување на Програмата за активностите на Општина Велес во областа на заштитата и спасувањето, противпожарната заштита и управувањето со кризи во 2018 година.
6. Предлог –програма за изменување и дополнување на Програмата за активностите на Општина Велес во областа на културата во 2018 година.
7. Предлог-програма за изменување и дополнување на Програмата за активностите на Општина Велес во областа на образованието во 2018 година.
8. Предлог-програма за изменување и дополнување на Програмата за активностите на Општина Велес во областа на социјалната заштита во 2018 година
Со почит,
ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Советот на Општина Велес
м-р Душко Петров