Предлог дневен ред за 11-та седница на Советот на Општина Велес

Република Македонија
Совет на Општина Велес
Број 25-853/1
15.02.2018 година
Велес

Врз основа на член 39, став 2 од Законот за локалната сaмоуправа („Службен весник на РМ" бр.5/02) и член 18, став 3 од Статутот на Општина („Службен гласник на Општина Велес" бр.12/06, 03/09, 18/10 и 15/14), донесувам

Р Е Ш Е Н И Е
за свикување на 11- та седница на Советот
на Општина Велес

Седницата ќе се одржи на ден 22.02.2018 година (четврток) во просториите на Општина Велес со почеток во 10:00 часот.

-Усвојување на записник од 10-та седница на Советот на Општина Велес.

За седницата го предлагам следниот

Д Н Е В Е Н Р Е Д

1. Квартален извештај за извештајниот период (кумулативно) за квартал од 01.01.2017год. до 31.12.2017год.
2. Буџетски каленадар на Општина Велес за 2019година.
3. Предлог-одлука за изменување и дополнување на Одлуката за извршување на Буџетот на Општина Велес за 2018година.
4. Предлог-одлука за отуѓување на основни средства, патнички моторни возила и товарно возило сопственост на Општина Велес.
5. Предлог-одлука за расходување на основни средства и опрема на Општина Велес.
6. Предлог-план за запишување на ученици во прва година во средните општински училишта во Општина Велес за учебната 2018/19год.
7. Предлог –решение за разрешување и именување на преставници на Општина Велес за членови на Училишниот одбор во ООУ„ЈХК Џинот“ Велес.
8. Предлог-решение за разршување и именување на членови во Управниот одбор на ОЈУ за деца –Детска градинка „Димче Мирчев“ Велес.
9. Предлог –решение за разрешување и именување на членови во Управниот одбор на ЛУ Народен Музеј Велес.
10. Предлог-решение за разрешување и именување на преставник на Општина Велес за член во Управниот одбор на ОУД „Лазар Лазаревски“ Велес.
11. Предлог-решение за разрешување и именување членови на Управниот одбор на ЈКП „Дервен“ Велес.
12. Билтен за епидемиолошките карактеристики на акутните заразни заболувања на подрачјето на општина Велес за 2017година (Информација јули –декември 2017год).


Со почит,
ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Советот на Општина Велес
м-р Душко Петров