Република Македонија
Совет на Општина Велес
Број 25-399/1
23.01.2018 година
Велес
Врз основа на член 39, став 2 од Законот за локалната сaмоуправа („Службен весник на РМ" бр.5/02) и член 18, став 3 од Статутот на Општина („Службен гласник на Општина Велес" бр.12/06, 03/09, 18/10 и 15/14), донесувам
Р Е Ш Е Н И Е
за свикување на 10- та седница на Советот
на Општина Велес
Седницата ќе се одржи на ден 30.01.2018 година (вторник) во просториите на Општина Велес со почеток во 10:00 часот.
-Усвојување на записник од 9-та седница на Советот на Општина Велес.
За седницата го предлагам следниот
Д Н Е В Е Н Р Е Д
1. Предлог-одлука за донесување на измена и дополнување на Детален урбанистички план за дел од Велес, локалитет - дел од урбана единица 7 Алексо Демниевски - дел од урбан блок 38 - Општина Велес.
2. Предлог-одлука за утврдување на намена на дел од објект од КП 4810 сопственост на Општина Велес.
3. Предлог-одлука за утврдување на намена на паркинг простор на КП 5142, КО Велес.
4. Предлог-одлука за утврдување на намена на паркинг простор на КП 2689/1, КО Велес.
5. Предлог-одлука за утврдување на надоместок на трошоци за избори на организаторите на изборна кампања чиј кандидати се избрани за членови на Советот на Општина Велес и за Градоначалник на Општина Велес на локалните избори одржани во 2017година.
6. Предлог-одлука за основање група за згрижување и воспитување на деца од предучилишна возраст во Општина Чашка.
7. Предлог-одлука за општински линиски превоз на патници во Општина Велес.
8. Предлог-програма за изменување и дополнување на Програмата за изработка на Урбанистички планови во Општина Велес за 2018 година.
9. Предлог-програма за управување со отпад на територијата на Општина Велес за 2018година.
10. Предлог-програма за одржување на јавната чистота на територијата на Општина Велес за 2018година.
11. Предлог-програма за контрола на популацијата на бездомни кучиња на територијата на Општина Велес во 2018год.
12. Предлог-програма за уредување и одржување на градско зеленило на територијата на Општина Велес за 2018год.
13. Годишна Програма за работа на Локалниот Совет за превенција од детско престапништво за 2018година.
14. Годишен извештај за слободен пристап до информации од јавен карактер за 2017година.
15. Извештај од Клуб на писатели „Коста Солев Рацин“ за реализација на 50 –ти Детски рацинови средби.
16. Извештај на ЗГ ФАД „Стоби“ за реализација на 54-те Рацинови средби.
17. Извештај на Здружение Вардарска Регата „Гемиџии“.
18. Извештај на ЗГ ФАД „Стоби“, за реализација на XIV- ти Интернационален фестивал на античка драма Стоби.
19. Извештај на ЗГ „Папрадишки мајстори“ за реализација на 13–та Ликовна колонија „Папрадишки мајстори“.
20. Извештај на Организација на жени за реализација на Оперативен план Родова еднаквост.
21. Предлог-решение за разрешување и именување на членови на Одбор за подигање на спомен обележја во Општина Велес.
Со почит,
ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Советот на Општина Велес
м-р Душко Петров