Република Македонија
Совет на Општина Велес
Број 0701-140/1
11.01.2008 година
Велес
Врз основа на член 39, став 2 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на РМ" бр.5/02) и член 18, став 3 од Статутот на Општина Велес („Службен гласник на Општина Велес" бр.12/06), донесувам
РЕШЕНИЕ
за свикување на 60-та седница на Советот на Општина Велес
Седницата ќе се одржи на ден. 18.01.2008 година (петок) вo просториите на Општина Велес со почеток во 11,00 часот.
- Усвојување на записник од одржаната 57-та седница на Совет на Општина Велес.
- Усвојување на записник од одржаната 58-та седница на Совет на Општина Велес.
За седницата го предлагам следниот
ДНЕВЕН РЕД
за 60-та седница на Советот на Општина Велес
1.Предлог-одлука за утврдување на начин и услови за добивање дозвола за отстранување и чување на непрописно паркирани возила.( Пајак служба)
2.Предлог-одлука за измена и дополнување на Одлуката за определување на локации, одржување и начин на користење на јавните паркиралишта на подрачјето на Општина Велес
З.Предлог - одлука за престанување на важност на Одлуката за давање согласност за користење на дел од паркинг простор во ООУ „Блаже Конески“ Велес.
4.Предлог-Програма за работа на Јавното претпријатие за стопанисување со спортски објекти „Парк спорт" за 2008 година.
5.Извештај за спроведените активности по делегирана надлежност на физичко лице во канцеларијата во Горно Оризари за периодот мај-декември 2007 година.
6.Предлог-решение за разрешување и именување на претседател и членови на Организациониот одбор на културната манифестација „Рацинови средби".
7.Предлог-решение за разрешување и именување на претседател и членови на Организациониот одбор на културната манифестација Фестивал на античка драма „Стоби".
8.Предлог-решение за разрешување и именување на претседател и членови на Организациониот одбор на културната манифестација Интернационален фолклорен фестивал „Велес".
9.Информација за реализацијата на општинските школски натпревари во рамките на лига системот во мал фудбал, ракомет, кошарка и одбојка.
10.Информација за одржана трибина за родова еднаквост.
11.Советнички прашања
Co почит,
ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Советот на Општина Велес
Трајко Бабунски с.р.