Република Македонија
Совет на Општина Велес
Број 07-366/1
23.01.2008 година
В е л е с
Врз основа на член 39, став 2 од Законот за локалната сaмоуправа („Службен весник на РМ" бр.5/02) и член 18, став 3 од Статутот на Општина Велес („Службен гласник на
Општина Велес" бр.12/06), донесувам
РЕШЕНИЕ
за свикување на 61-ва седница на Советот на Општина Велес
Седницата ќе се одржи на ден 30.01.2008 година (среда) во просториите на Општина Велес со почеток во 11,00 часот.
- Усвојување на записникот од 59-та седница на Совет на Општина Велес
За седницата го предлагам следниот
ДНЕВЕН РЕД
за 61-ва седница на Советот на Општина Велес
1.Предлог-одлука за измена и дополнување – проширување на средствата во Буџетот на Општина Велес за 2008 година.
2.Предлог-одлука за продажба на недвижна ствар.
3.Предлог-одлука за долгорочно задолжување на Општина Велес.
4.Предлог-план за капитални инвестиции за периодот 2008 – 2012 година.
5.Предлог-програма за измена и дополнување на Програмата за активностите на Општина Велес во областа на образованието за 2008.
6.Иницијатива за измена и дополнување на Генералниот урбанистички план за град Велес за дел од УЕ 1- УБ 1А и УБ 1Б.
.7.Предлог-решение за давање на согласност на Одлуката за висината на цената за собирање и транспортирање на комунален отпад.
8.Предлог-решение за давање на согласност на Одлуката за висината на цената за одржување и користење на паркови и на зелени јавни површини.
9.Предлог-решение за именување претседател, членови и нивни заменици на Комисија за спроведување на постапка за продажба на недвижна ствар.
10.Предлог-решение за разрешување и именување на преставник од Општина Велес член во Училишен одбор на ОССУ „Коле Неделковски“ Велес.
11.Предлог-решение за разрешување на внатрешен ревизор на Општина Велес.
Со почит,
ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Советот на Општина Велес
Трајко Бабунски с.р.