Дневен ред на 64 седница на Советот На Општина Велес

Република Македонија
Совет на Општина Велес
Број 07-1603/1
21.03.2008 година
Велес

Врз основа на член 39, став 2 од Законот за локалната сaмоуправа („Службен весник на РМ" бр.5/02) и член 18, став 3 од Статутот на Општина Велес („Службен гласник на Општина Велес" бр.12/06), донесувам

РЕШЕНИЕ
за свикување на 64-та седница на Советот на Општина Велес

Седницата ќе се одржи на ден 31.03.2008 година (понеделник) во просториите на Општина Велес со почеток во 12,00 часот.

  • Усвојување на записник од 61-та седница на Советот на Општина Велес
  • Усвојување на записник од 62-та седница на Советот на Општина Велес
За седницата го предлагам следниот
ДНЕВЕН РЕД
за 64-та седница на Советот на Општина Велес


1.Предлог-одлука за измена и дополнување-проширување на средствата во Буџетот на Општина Велес за 2008 година.
2.Предлог-Буџетски календар за 2008 година.
3.Предлог-одлука за изменување и дополнување на Детален урбанистички план „Димитар Влахов“ –Б8, Б9, Б10, Б11 и Б12 во Велес.
4. Предлог-одлука за измена и дополнување на Одлуката за организацијата делокругот и начинот на организирање на извршување на задачите на општинската администрација на Општина Велес.
5.Предлог-одлука за основање на Центар за развој на Вардарски плански регион.
6.Предлог-одлука за давање на времено користење на дел од објект сопственост на Општина Велес.
7.Предлог-одлука за зедничко организирање на линиски превоз на патници на територијата на Општина Велес и Општина Градско.
8. Предлог-одлука за откажување од корисничко право на дел од недвижен имот.
9.Предлог-одлука за измена и дополнување на Одлуката за издавање под закуп на недвижен имот – објект Спортска сала „Партизан“.
10.Предлог- одлука за измена и дополнување на Одлуката за утврдување на намена на објект сопственост на Општина Велес.
11.Предлог-одлука за усвојување на Локален акционен план за контрола на туберкулозата на Општина Велес 2008-20012.
12.Предлог-одлука за усвојување на Локален акционен план за борба против корупцијата на Општина Велес.
13. Предлог-програма за изградба на споменици и спомен обележја на територијата на Општина Велес за период 2008-2013.
14. Предлог-програма за работа на фондацијата „Коле Неделковски“ Велес за 2008 година.
15. Предлог-програма за работа на Советот на Општина Велес за 2008 година.
16.Предлог-правилник за измена и дополнување на Правилникот за начинот и постапката за реализирање на Културната манифестација „Рацинови средби“.
17.Иницијатива за утврдување на најниска плата на вработени во општинската администација и вработени во општинските јавни служби.
18. Информација за појава на отцедни води во засолниште.
19.Информација за реализација на општинските школски натпревари во рамките на лига системот во мал фудбал, ракомет, кошарка и одбојка.
20.Информација за влијанието на депонијата во Општина Велес врз животната средина.
21.Предлог-решение за именување на претседател и членови на Одбор за подигање на спомен - обележје.
22.Предлог-решение за давање согласност за формирање на Реална училишна компанија.
23.Советнички прашања

Со почит,
ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Советот на Општина Велес
Трајко Бабунски с.р.