Република Македонија
Совет на Општина Велес
Број 07- 2067/1
11.04.2008 година
Велес
Врз основа на член 39, став 2 од Законот за локалната сaмоуправа („Службен весник на РМ" бр.5/02) и член 18, став 3 од Статутот на Општина Велес („Службен гласник на Општина Велес" бр.12/06), донесувам
РЕШЕНИЕ
за свикување на 65-та седница на Советот на Општина Велес
Седницата ќе се одржи на ден 21.04.2008 година (понеделник), во просториите на Општина Велес со почеток во 11,оо часот.
За седницата го предлагам следниот
ДНЕВЕН РЕД
за 65-та седница на Советот на Општина Велес
1.Предлог-одлука за донесување на изменување и дополнување на Генераленот урбанистички план за град Велес УБ 32 и 48 –УЕ 4 и 9 (2008-2018) -Општина Велес.
2.Предлог-одлука за дополнување на Одлуката за долгорочно задолжување на Општина Велес.
3.Предлог-одлука за давање дозвола за употреба на името „Велес“ како додавка во називот на фирма на трговски друштва, здруженија на граѓани и фондации.
4.Предлог-одлука за утврдување начин и услови за добивање дозвола за користење и одржување на јавните паркиралишта и отстранување и чување на непрописно паркирани возила на подрачјето на Општина Велес.
5.Предлог-одлука за изготвување Студија за потфат за поведување на иницијатива за пристапување кон јавно-приватно партнерство.
6.Извештај за реализираните активности од областа на спортот по делегирани надлежности.
7.Иницијатива за покренување постапка за престанување со работа на Општинското основно училиште „Јордан Хаџи Константинов -Џинот“ Велес.
8.Предлог-решение за распределба на средства за спортските клубови за 2008 година.
Со почит,
ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Советот на Општина Велес
Трајко Бабунски с.р.