Дневен ред за 68 седница на Совет на Општина Велес

Република Македонија
Совет на Општина Велес
Број 07- 3515/1
07.07.2008 година
Велес

Врз основа на член 39, став 2 од Законот за локалната сaмоуправа („Службен весник на РМ" бр.5/02) и член 18, став 3 од Статутот на Општина Велес („Службен гласник на Општина Велес" бр.12/06), донесувам

РЕШЕНИЕ
за свикување на 68-та седница на Советот на Општина Велес


Седницата ќе се одржи на ден 11.07.2008 година (петок), во просториите на Општина Велес со почеток во 11,оо часот.
  • Усвојување на записник од 67-та седница на Советот на Општина Велес
За седницата го предлагам следниот

ДНЕВЕН РЕД
за 68-та седница на Советот на Општина Велес

1.Предлог-одлука за измена и дополнување на Одлуката за извршување на Буџетот на Општина Велес за 2008 година.
2.Предлог-одлука за утврдување на Нацрт изменување и дополнување на Генерален урбанистички план на град Велес, дел од Урбана единица 7, Урбан блок 42 2008-2018.
3.Предлог-одлука за утврдување на Нацрт Детален урбанистички план Урбан блок „8“-Општина Велес.
4.Предлог-одлука за изготвување Студија за потфат за поведување на иницијатива за пристапување кон јавно-приватно партнерство.
5.Предлог-одлука за давање намена на објект- спомен куќа на Јордан Хаџи Константинов- Џинот сопственост на Општина Велес.
6.Предлог-одлука за ослободување од плаќање на надоместок за уредување на градежно земјиште.
7.Предлог-одлука за давање на користење на недвижен имот сопственост на Општина Велес на ООУ „Св. Кирил и Методиј“ Велес.
8.Прдлог-одлука за измена и дополнување на Одлуката за давање на времено користење на просторија во објект сопственост на Општина Велес.
9.Предлог-одлука за измена и дополнување на Одлуката за општински линиски превоз на патници во Општина Велес.
10.Предлог-одлука за расходување на основни средства сопственост на Општина Велес.
11.Предлог-програма за измена и дополнување на Програмата за градежно земјиште и заштита на животната средина на просторот на Општина Велес за 2008 година.
12.Предлог-програма за измени и дополнување на Програмата за активностите на Општина Велес во областа на спорт и млади во 2008 година.
13.Извештај за извршена дератизација на град Велес за месец мај и јуни 2008 година.
14.Иницијатива за измена и дополнување на Деловникот на Советот на Општина Велес.
15.Иницијатива за покренување постапка за престанување со работа на Општинското основно училиште „Јордан Хаџи Константинов -Џинот“ Велес.
16.Информација за досегашната реализација на активностите поврзани со процесот на изработка на Стратегија за локален развој на Општина Велес.
17.Предлог-решение за формирање Координативно тело за имплементација на Акциониот план за борба против корупцијата.
18.Советнички прашања.

Со почит,

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Советот наОпштина Велес
Трајко Бабунски с.р.