Република Македонија
Совет на Општина Велес
Број 0701- /1
____.2009 година
Велес
Врз основа на член 39, став 2 од Законот за локалната сaмоуправа („Службен весник на РМ" бр.5/02) и член 18, став 3 од Статутот на Општина Велес („Службен гласник на Општина Велес" бр.12/06), донесувам
РЕШЕНИЕ
за свикување на 83-та седница на Советот на Општина Велес
Седницата ќе се одржи на ден.02.03. 2009 година (понеделник), во просториите на Општина Велес, со почеток во 15,00 часот. За седницата го предлагам следниот
ДНЕВЕН РЕД
за 83-та седница на Советот на Општина Велес
1. Завршна сметка на Буџетот на Општина Велес за 2008 година
2. Годишен извештај на Општина Велес за 2008 година
3. Предлог-одлука за измена и дополнување – проширување на средствата во Буџетот на Општина Велес за 2009 година
4. Годишен финансов извештај за работата и завршна сметка на Средното општинско училиште Гимназија „Кочо Рацин“ Велес за 903, 787 и 603 (општинска) за 2008 година
5. Годишен финансов извештај за работата и завршна сметка на Средното општинско училиште „Јовче Тесличков“ Велес за 903, 787 и 603 (општинска) за 2008 година
6. Годишен финансов извештај за работата и завршна сметка на Средното општинско училиште „Димитрија Чуповски“ Велес за 903, 787 и 603 (општинска) за 2008 година
7. Годишен финансов извештај за работата и завршна сметка на Средното општинско училиште „Коле Неделковски“ Велес за 903, 787 и 603 (општинска) за 2008 година
8. Годишен финансов извештај за работата и завршна сметка на Општинското основно училиште „Васил Главинов“ Велес за 903, 787 и 603 (општинска) за 2008 година
9. Годишен финансов извештај за работата и завршна сметка на Општинското основно училиште „Благој Кирков“ Велес за 903, 787 и 603 (општинска ) за 2008 година
10. Годишен финансов извештај за работата и завршна сметка на Општинското основно училиште „Св. Кирил и Методиј“ Велес за 903, 787 и 603 (општинска ) за 2008 година
11. Годишен финансов извештај за работата и завршна сметка на Општинското основно училиште „Блаже Конески“ Велес за 903, 787 и 603 (општинска),за 2008 година
12. Годишен финансов извештај за работата и завршна сметка на Општинското основно училиште „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ Велес за 903, 787 и 603 (општинска) за 2008 година
13. Годишен финансов извештај за работата и завршна сметка на Општинското основно училиште „Рајко Жинзифов“ Велес за 903, 787 и 603 (општинска) за 2008 година
14. Годишен финансов извештај за работата и завршна сметка на Општинското основно училиште „Стојан Бурчевски - Буридан“ Велес за 903, 787 и 603 (општинска) за 2008 година
15. Годишен финансов извештај за работата и завршна сметка на Општинското основно музичко училиште „Киро Димов“ Велес за 903, 787 и 603 (општинска) за 2008 година
16. Годишен финансов извештај за работата и завршна сметка на Општинската јавна установа за деца Детска градинка „Димче Мирчев“ за 903, 787 и 603 (општинска) за 2008 година
17. Годишен финансов извештај за работата и завршна сметка на Локалната библиотека „Гоце Делчев“ Велес за 903, 787 и 603 (општинска) за 2008 година
18. Годишен финансов извештај за работата и завршна сметка на Локалната установа „Народен музеј“ за 903, 787 и 603 (општинска) за 2008 година
19. Годишен финансов извештај за работата и завршна сметка на Фондацијата „Коле Неделковски“ за 2008 година
20. Годишен финансов извештај за работата и завршна сметка на Јавното претпријатие за стопанисување со спортски објекти „Парк спорт“ за 2008 година
21. Предлог-одлука за донесување Урбанистички план вон населено место Башино Село, м.в. „Зад црква“ Општина Велес, плански период 2008-2018
22. Предлог-одлука за утврдување на Нацрт детален урбанистички план УЕ 4 и УЕ 9 дел од урбан блок 32, 47 и 48 локалитет „Пазар“– (2008-2013) Општина Велес
23. Предлог-одлука за збратимување на Општина Велес со општина Чан, Република Турција
24. Предлог-Декларација за фер, слободни и демократски локални и претседателски избори 2009 година
Со почит,
ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Советот на Општина Велес
Славчо Чадиев с.р.