Дневен ред за 82 седница на Советот на Општина Велес

Република Македонија
Совет на Општина Велес
Број 0701-744/1
10.02.2009 година
Велес

Врз основа на член 39, став 2 од Законот за локалната сaмоуправа („Службен весник на РМ" бр.5/02) и член 18, став 3 од Статутот на Општина Велес („Службен гласник на Општина Велес" бр.12/06), донесувам

РЕШЕНИЕ
за свикување на 82-ра седница на Советот на Општина Велес

Седницата ќе се одржи на ден 17.02.2009 година (вторник) во просториите на Општина Велес со почеток во 13,00 часот.
  • Усвојување на записник од одржаната 81-та седница на Совет на Општина Велес
За седницата го предлагам следниот

ДНЕВЕН РЕД
за 82-ра седница на Советот на Општина Велес

1. Квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Велес за први, втори, трети и четврти квартал за 2008 година
2. Предлог-статутарна одлука за изменување и дополнување на Статутот на Општина Велес
3. Предлог-одлука за изменување и дополнување на Деловникот на Советот на Општина Велес
4. Предлог-одлука за постапување со комуналниот и другите видови неопасен отпад на територијата на Општина Велес
5. Предлог-одлука за давање на стопанисување на недвижен имот-водовод во с. Караслари
6. Предлог-одлука за давање согласност за поставување на оптички кабел
7. Предлог–одлука за изменување и дополнување на Одлуката за давање намена на објекти
8. Предлог-одлука за отпис и расходување на основни средства и ситен инвентар–сопственост на Општина Велес
9. Предлог-програма за изменување и дополнување на Програмата за уредување на градежно земјиште и заштита на животната средина на просторот на Општина Велес за 2009 година
10. Предлог-решение за именување на претседател и членови на Комисија за вршење на отпис и расходување на основни средства и ситен инвентар сопственост на Општина Велес
11. Информација за работата на полициската станица Велес за периодот јули-декември 2008 година
12. Информација за градбите од 3, 4 и 5-та категорија за кои инвеститор е Општина Велес, колку писмени барања за добивање на Одобрение за градење има поднесено до надлежниот орган и за кои градби надлeжниот орган издал одобренија за градење за периодот од 2005-та до 2009-та година
13. Советнички прашања

Со почит,
ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Советот на Општина Велес
Славчо Чадиев с.р.