Соопштенија
ОТВОРЕН ДЕН НА ЕУ СО ГРАЃАНИТЕ НА ВЕЛЕС

Амбасадорот на Европската унија во Република Македонија Аиво Орав и Амбасадорот на Кралството Холандија во Република Македонија Вилем Ваутер Пломп на ден 16.03.2016 година (среда) ќе ја посетат Општина Велес.
Во рамки на посетата ќе биде остварена средба со градоначалникот Славчо Чадиев, а ќе биде организиран и Отворен ден со граѓаните на Велес во Големата сала на општината со почеток од 10.30 часот.
За Општина Велес како Локална самоуправа која што динамично се развива од голема важност е примената на позитивните искуства кои што се имплементираат во Европската унија.
Преку реализација на ваквите проекти Општина Велес е насочена кон создавање на услови за одржлив економски и социјален развој, како и квалитетен живот на сите граѓани.
Ги повикуваме граѓаните да бидат дел од овој настан и да земат учество на Отворениот ден.