Соопштенија
ИЗВЕСТУВАЊЕ
Општина Велес Ве известува дека во наредниот период ќе бидат превземени одредени физички активности на концесиското поле „Баш колиби“ или позната како депонијата на некогашна Топилница за олово и цинк.
Друштвото за собирање и примарна преработка на отпадоци извоз-увоз „ЕКОЦЕНТТАР 97“ ДООЕЛ Скопје, согласно Договорот за концесија за експлоатација на техногена минерална суровина (троска) започнува со активностите околу вадење на одредени количини од депонијата, со релативно мали активности на некои градежни машини.
Овие активности се неопходни за добивање на конечна анализа на материјалот кои се содржи во троската, за изработка на проект за експлоатација на минералната суровина (троска),за изработка на еколошки елаборат и за конечни решенија за дислокација на троската.