Соопштенија

Покана за јавни расправи по Нацрт-документите на општината за 2019 година

Општина Велес Ве поканува на Jавнa расправa по Нацрт-документите на општината за 2019 година. Јавната расправa ќе се одржи на 07.11.2018 година (среда) во големата сала на Општина Велес и тоа за:

• преставници од областите на образованието, културата, здравствената и социјална заштита, како и од здруженија и фондации (невладини организации, културно уметнички друштва, спортски клубови итн.) и заинтересирани граѓани и
• претставниците од урбани и месни заедници и заинтересирани граѓани со почеток во 17:30 часот

На Јавната расправа ќе бидат разгледувани Нацрт – документите на Општина Велес за 2019 година:

Нацрт- документите што ќе бидат презентирани на Јавната расправа можете да ги најдете и во електронска верзија на веб страната на Општина Велес www.veles.gov.mk, Вашите забелешки по нив можете да ги упатите на засебниот линк за коментари на истата веб страна.


  • Покана