Соопштенија

Известување за градежни активности

На 12 ноември 2018 година (понеделник), Општина Велес ќе отпочне со градежни активности на крстосницата помеѓу улиците „Наум Наумовски Борче“  и „III- та Кумановска бригада“, (во близина на сендвичарата „Круг“). Градежните активности ќе се изведуваат во две фази и тоа:

  • I фаза: Изградба на разделни острови (сечење на асфалт, ископ, тампонирање, поставување на рабници итн.)

За регулирање на сообраќајните токови ќе се постави соодветна сообраќајна сигнализација;

 

  • II фаза: Изградба на средишен кружен остров и поставување на соодветна сообраќајна сигнализација за регулирање на сообраќајните токови;

Општина Велес апелира за внимателно возење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација и знaци со цел да се овозможи непречено одвивање на сообраќајот и да се осигура безбедноста на сите учесници во сообраќајот  во услови на градежни работи.