Соопштенија

Соопштение за одржување на Јавна расправа за Каменолом ТЕХНО ПАВЕР

Почитувани,

 Јавната расправа во врска со доставеното Барање за добивање на А-интегрирана еколошка дозвола за КАМЕНОЛОМ ТЕХНО ПАВЕР ДООЕЛ увоз-извоз Скопје-подружница бр.2 с.Превалец, Велес ќе се одржи на ден 20.11.2018г. (вторник) со почеток во 12.00 часот, во просториите на Општина Велес.

Се покануваат сите заинтересирани граѓани, граѓански организации и останата јавност, а кои се засегнати од работата на инсталацијата активно да се вклучат во јавната расправа на која ќе се отворат сите прашања за работата на инсталацијата и сите проблеми кои нејзината работа ги предизвикува за граѓаните на Општина Велес.

 На јавната расправа ќе присуствува инвеститорот, претставници од консултантската куќа која го подготви барањето и надлежниот орган кој ја спроведува постапката за добивање на А-дозволата.

Барање за добивање А интегрирана дозвола