Соопштенија

Одлука за неспроведување на стратегиска оцена за планскиот документ ДУП за дел од УЕ 11, УБ 54, К.О. Велес

Почитувани граѓани,

 На 15.09.2017 година од страна на Градоначалникот на Општина Велес донесена е Одлука за спроведување на стратегиска оцена за планскиот документ  ДУП за дел од УЕ 11, УБ 54, К.О.Велес, Општина Велес под бр. УП. 1310-40 од 15.09.2017 и истиот е доставен до Министерство за животна средина и просторно планирање за произнесување.

Министерството за животна средина и просторно планирање достави известување бр. 13-5506/2 од 09.11.2018  во врска со постапката за носење на планска документација за  ДУП за дел од УЕ 11, УБ 54, К.О.Велес, Општина Велес, во кое се известува дека Стратегиска оцена за влијание на животната средина за дадениот плански документ не треба да се спроведува.

Од овие причини, Градоначалникот на Општина Велес донесе Одлука за неспроведување на стратегиска оцена.

Врз основа на член 65 став (6) од Законот за животната средина (Службен весник на  РМ бр.53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 124/12, 93/13,  187/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/15 и 39/16),

            Градоначалникот на Општина  Велес, на ден   19.11.2018 година  донесе 

Одлука за неспроведување на стратегиска оцена 

  1. За  планскиот документ  ДУП за дел од УЕ 11, УБ 54, К.О. Велес, Општина Велес, кој се носи согласно Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл. Весник на РМ  бр.199/14, 44/15, 44/15 и 193/15), не е потребно да се спроведе стратегиска оцена на влијанието врз животната средина согласно член 65 од Законот за животната средина.
  2. Одлуката заедно со формуларите за определување на потребата од спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена се објавува на веб страната на Општина Велес www.veles.gov.mk
  3. Согласно критериумите за определување на тоа дали еден плански документ има влијание врз животната средина од член 65 став (4) од Законот за животна средина и врз основа на податоците од Прилог 2 на Правилникот за формата, содржината и образецот на одлуката за спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена и на формуларите за потребата од спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена, за  планскиот документ  ДУП за дел од УЕ 11, УБ 54, К.О. Велес, Општина Велес, нема да има влијание врз животната средина од следните причини:
  • Планскиот документ е со намена: Г-ПРОИЗВОДСТВО, ДИСТРИБУЦИЈА И СЕРВИСИ (Г2-Лесна и незагадувачка индустрија) со компатибилни класи на намена: А4-времено сместување, Б1-мали комерцијални и деловни дејности, Б2-големи трговски единици, Б4-деловни простори, В2-здравство и социјална заштита, Д2-заштитно зеленило, Д3-спорт и рекреација, Д4-меморијални простори, Г3-сервиси, Г4-стоваришта, Е-ИНФРАСТРУКТУРА (Е1-комунална инфраструктура).
  •  Со планскиот документ не се планира реализирање на проекти што се е предвидени со Уредбата за определување на проектите и критериумите врз кои се утврдува потребата за спроведување на постапка за оцена на влијанието врз животната средина.
  1. Против оваа одлука може да се поднесе жалба преку овој орган до Министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на заштита на животна средина и просторно планирање, во рок од 15 дена од денот на објавувањето на Одлуката на веб страната.

Известување УБ 54 од МЖСПП

Формулар за неспроведување УБ 54

Одлука за неспроведување УБ 54

Синтезен план