Соопштенија

Одлука за неспроведување на стратегиска оцена за планскиот документ Изменување и дополнување на ДУП за УБ 8 Општина Велес

Почитувани граѓани,

 На 26.10.2018 година од страна на Градоначалникот на Општина Велес  донесена е Одлука за спроведување на стратегиска оцена за планскиот документ Изменување и дополнување на ДУП за УБ 8 Општина Велес под бр 08-5505/2 и истиот е доставен до Министерство за животна средина и просторно планирање за произнесување.

Министерството за животна средина и просторно планирање достави известување бр. 13-5505/4 од 09.11.2018  во врска со постапката за носење на планска документација за Изменување и дополнување на ДУП за УБ 8 Општина Велес, во кое се известува дека Стратегиска оцена за влијание на животната средина за дадениот плански документ не треба да се спроведува.

Од овие причини, Градоначалникот на Општина Велес донесе Одлука за неспроведување на стратегиска оцена.

Врз основа на член 65 став (6) од Законот за животната средина (Службен весник на  РМ бр.53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 124/12, 93/13,  187/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/15 и 39/16),

            Градоначалникот на Општина  Велес, на ден   16.11.2018 година  донесе

 

Одлука за неспроведување на стратегиска оцена

 

  1. За  планскиот документ  Изменување  и  дополнување  на  ДУП  за УБ 8 Општина Велес, кој се носи согласно Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл. Весник на РМ  бр.199/14, 44/15, 44/15 и 193/15), не е потребно да се спроведе стратегиска оцена на влијанието врз животната средина согласно член 65 од Законот за животната средина.
  2. Одлуката заедно со формуларите за определување на потребата од спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена се објавува на веб страната на Општина Велес www.veles.gov.mk
  3. Согласно критериумите за определување на тоа дали еден плански документ има влијание врз животната средина од член 65 став (4) од Законот за животна средина и врз основа на податоците од Прилог 2 на Правилникот за формата, содржината и образецот на одлуката за спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена и на формуларите за потребата од спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена, за  планскиот документ  Изменување  и  дополнување  на  ДУП  за УБ 8 Општина Велес, нема да има влијание врз животната средина од следните причини:
  • Донесувањето на планскиот документ опфаќа мала област од локално значење. Во моментот е градежно земјиште и е со носечка намена: А1 - домување   во   станбени  куќи, Б1 - комерцијални  и  деловни  намени, Б4 - деловни  простории, Г2 - лесна  и  незагадувачка  индустрија, Г3 - сервиси, Г4 -стоваришта и Е-инфраструктура. Со планскиот документ се планира реализирање на проект што не е предвиден со Уредбата за определување на проектите и критериумите врз кои се утврдува потребата за спроведување на постапка за оцена на влијанието врз животната средина.
  • Со планскиот документ се  планираат нови и се потврдуваат и прошируваат постојните  градби со намена: А1 - домување во станбени куќи, Б1 - комерцијални  и  деловни намени, Б4 - деловни  простории, Г2 - лесна и  незагадувачка  индустрија, Г3 - сервиси, Г4 - стоваришта и Е - инфраструктура.
  1. Против оваа одлука може да се поднесе жалба преку овој орган до Министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на заштита на животна средина и просторно планирање, во рок од 15 дена од денот на објавувањето на Одлуката на веб страната.

Известување УБ 8 од МЖСПП

Формулар за неспроведување УБ 8

Одлука за неспроведување УБ 8

Синтезен план