Изложба „Балканските војни во Македонија 1912-1913”
Денес во Велес во рамките на одбележувањето на 23-ти Октовмри, Денот на Македонската револуционерна борба, беше отворена изложбата „Балканските војни во Македонија 1912-1913“.
Изложбата е во организација на Општина Велес а во соработка со Државниот архив на Република Македонија. Автори на изложбата се Зоран Тодоровски, Директор на Државниот архив и Александар Трајановски, научен советник во Институтот за национална историја.
Поставката е посветена на стогодишнината од Балканските војни, а опфаќа паноа со фотографии и текстови за овој историски настан, од кумановската битка, велешкиот регион, прилепско – битолскиот, пијанечки и тиквешки регион, како и документи кои се од историска важност за Република Македонија.