Во Велес е отворен Фестивалот на новиот германски филм
Вчеравечер во Велес беше отоворен Фестивалот на новиот германски филм кој Германската амбасада во Скопје и одделот за култура во Амбасадата веќе десетта година по ред организираат во повеќе градови во Македонија. Фестивалот за отворен го прогласи господин Ханс Хелге Зандер, Заменик амбасадор и раководител на одделот за економија на Германската амбасада и г-ѓа Марина Серафимовска, локален соработник на Амбасадата во истиот оддел.
Претходно во просториите на Општина Велес, Заменик амбасадорот Ханс Хелге Зандер оствари средба со Градоначалникот Славчо Чадиев. На средбата Градоначалникот Чадиев го запозна Заменик амбасадорот Хелге Зандер со вкупните состојби во градот и напорите кои се вложуваат од страна на локалната самоуправа за подобрување на условите за живот на граѓаните. Од доста големо значење за локалната и вкупната економија воопшто се германските инвестиции во Велес и во регионот, кои несомнено дека ќе придонесат кон подобрување на животниот стандард кај населението. На средбата двајцата соговорници ја истакнаа и важноста од продолжување на соработката како на културен така и економски план.